Трамп: Иран нè информираше дека е во состојба на колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social дека Иран го информирал дека земјата е во состојба на колапс. Во објавата се додава дека Иран бара Ормускиот теснец да се отвори што е можно поскоро додека се обидува да ја реши својата лидерска ситуација, а објавата потекнува од платформата Truth Social. „Тие сакаат Ормускиот теснец …

Continue Reading

Дел од Центар утре без вода

РЦУК Скопје известува дека утре дека поради уличен дефект ф-80 мм на булеварот Партизански Одреди 18б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од булеварот Партизански Одреди (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од Дебарца, дел од Мирослав Крлежа, дел од Коле Неделковски, дел од Антоние Грубишиќ, Отон Жупанчиќ, Радњанска и ООУ „Коле Неделковски“, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде …

Continue Reading

Кремљ за нападот врз Трамп: Путин го осудува секое насилство

Кремљ го коментираше обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин секогаш ги осудува насилството и обидите за атентат врз шефовите на држави. „Путин секогаш постојано ги осудувал сите манифестации на насилство и сите обиди за загрозување на животите на државните лидери“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг за медиумите. На прашањето …

Continue Reading

Хоџа најави еколошки систем за греење во Тетовската клиника

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти. Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката реконструкција на клиниката и претставува …

Continue Reading

(Фото) 25 години од загинувањето на бранителите кај Вејце: „Битола засекогаш ќе го зачува споменот“

Денеска се навршуваат 25 години од еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, ги одзеде животите на осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа битолчани. Во чест на бранителите на татковината, денеска беше положено цвеќе пред споменикот во кругот на СВР Битола и споменикот „Ангел“ кај Саат кулата. Градоначалникот …

Continue Reading

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка: уапсени тројца измамници

Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола …

Continue Reading

Германија планира нов данок за газирани и енергетски пијалаци

Германската влада планира да воведе данок на засладени пијалаци како дел од реформата на здравствениот систем, јавуваат германските медиуми повикувајќи се на владини извори. Според најавите, висината на давачката ќе зависи од количината на шеќер во безалкохолните и енергетските пијалаци, додека слатките и другите производи со шеќер засега нема да бидат опфатени. Медиумите пренесуваат дека се разгледува и зголемување на …

Continue Reading

Општина Струмица наградена за проектот „Вело Струмица“

Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“, со што се потврдува нејзиниот значаен придонес во унапредувањето на урбаната мобилност. Признанието беше доделено од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г. Михалис Рокас, во рамки на настан организиран од програмата „ЕУ за општините“, по повод шест години континуирана поддршка за општините во државата. Проектот „Вело Струмица“ …

Continue Reading

Oтсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата, рече Трамп по објавата дека се роднини со Чарлс

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако британскиот таблоид „Дејли мејл“ објави текст во кој, врз основа на истражување на семејното стебло, тврди дека тој е во далечно сродство со британскиот крал Чарлс Трети. „Вау, тоа е убаво. Отсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата!!! Ќе разговарам за ова со кралот и кралицата за неколку минути!!! Претседател DJT“, напиша …

Continue Reading