Врховен: Не е утврдено како секој од осудените влијаел врз несреќата кај Ласкарци


Поради-изборот-на-новите-судии-во-Апелација-им-се-заканува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд го објави образложението за укинување на пресудата на Апелациониот суд за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица.


Според Врховниот суд, Апелација не одговорила на сите клучни жалбени наводи и не дала конкретно образложение како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност.

Вештачењата како причина за несреќата посочиле пропуст на возачот, но ја нотирале и неуредната техничка состојба на автобусот. Сепак, според Врховниот суд, не било објаснето во која мера неисправноста придонела за несреќата, ниту како дејствијата на останатите осудени биле поврзани со нејзиното настанување.

Врховниот суд утврдил и дека не биле доволно разгледани приговорите за начинот на водење на постапката, меѓу кои и барањето за супервештачење на здравствената состојба на возачот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK