Прогласена епидемија во Гостивар, утре резултатите од анализите на водата


depositphotos_35273681_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво.


Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои 105 нови случаи.

Причинителот и изворот на заразата сè уште не се утврдени. Во тек се микробиолошки анализи на примероци од пациенти и од водата, кои ги спроведуваат Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје, додека Обвинителството очекува резултати од испитувањето на водата во текот на утрешниот ден.

Паралелно, Владата донесе одлука интервентно да обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, а Министерството за здравство апелира граѓаните да ги следат препораките на надлежните институции и при симптоми како повраќање, дијареја или знаци на дехидратација веднаш да побараат лекарска помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK