Прва победа за Хамилтон во Ферари, катастрофа за Антонели
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Барселона, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. За хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона. На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа …
Continue Reading
Тројца загинати во израелски воздушен напад врз јужен Бејрут
Три лица загинаа во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, втор таков напад во изминатата недела. Израел соопшти дека акцијата е одговор на ракетните напади на Хезболах врз негова територија. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да толерира напади врз својата територија, додека армијата соопшти дека прецизно погодила инфраструктурен објект на Хезболах во населбата Дахија. По нападот, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции
Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија. Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи …
Continue Reading
ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде готов кога беше купена „Соравија“
Од ВЛЕН соопштија дека почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце претставува реализација на проект што граѓаните го чекале со децении. Тие ја обвинија ДУИ дека за 24 години власт не успеала да го реализира автопатот, додавајќи дека според претходно ветуваните рокови тој требало да биде завршен уште во периодот кога семејството Ахмети ја купило „Соравија“. Од коалицијата оценуваат дека по …
Continue Reading
Мемов: Потребни се законски измени за финансиска одржливост на пензискиот систем и намалување на зависноста од државниот буџет
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на …
Continue Reading
(Видео) Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла …
Continue Reading
Иран до САД по израелскиот напад врз Бејрут: „Играта на добар и лош полицаец е застарена“
По нов израелски напад врз јужните предградија на Бејрут, еден од водечките ирански политички функционери упати остри критики кон САД, обвинувајќи ги дека немаат ниту волја ниту капацитет да ги исполнат своите обврски и дека со Израел играат стратегија на „добар и лош полицаец“. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф, на платформата X изјави дека најновиот напад во областа Дахија …
Continue Reading
(Видео) Тешка поморска несреќа кај Сплит: се судрија едрилица и катамаран, има загинати
Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта и Брач, во близина на Сплит. Несреќата се случила денес околу 11:38 часот во Сплитските врати, кога дошло до директен судир меѓу патнички катамаран и едрилица, која потоа потонала. На катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот и …
Continue Reading
СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот
СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе неколку дена не функционира, поради што граѓаните имаат проблеми со скенирање фискални сметки и поврат на дел од платениот ДДВ. Во соопштение од партијата се наведува дека системот бил нефункционален околу пет дена, иако денеска бил најавен како повторно ставен во функција, но граѓаните и натаму пријавуваат потешкотии во користењето. Од СДСМ тврдат …
Continue Reading