Засилени инспекциски контроли во Општина Карпош, изречени 276 казни


872142483_1578061547687655_559811211282175782_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во периодот од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје спроведоа голема заедничка инспекциска акција на територијата на Карпош, со цел поголем комунален ред, чисти јавни површини и почитување на законските обврски.


Во акцијата учествуваа 45 инспектори и комунални редари од двете институции, распоредени во пет реони и две смени, со контроли од областа на комуналната хигиена, животната средина, сообраќајот, градежништвото, туризмот, спортот, патиштата и комуналните такси.

„Дел од теренските патроли беше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со инспекциските служби се вклучи во активностите за унапредување на комуналниот ред и одржување на чистотата на јавните површини“, соопштија од Општина Карпош.

Во рамки на акцијата биле реализирани 723 инспекциски и теренски надзори, изречени 134 глоби од комуналните редари,  73 глоби од комуналната инспекција и 42 глоби за физички и 27 за правни лица.

„Особено внимание беше посветено на Бардовци и Злокуќани, каде покрај инспекциските контроли се спроведе и чистење на јавните површини и дивите депонии. Во наредниот период засилен инспекциски надзор ќе има особено во УЗ Злокуќани“, велат од Општина Карпош.

Од таму апелираат до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат законските обврски, правилно да го одлагаат и селектираат отпадот и заеднички да придонесат за почист, поуреден и похигиенски Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK