Автомобил удри во 81-годишна скопјанка, од тешките повреди починала во болница

Осумдесет и едногодишна жена од скопското село Стајковци починала од повредите со кои се здобила откако била удрена од автомобил на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера (26 октомври) во 18:19 часот во СВР Скопје. Патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И. С. (62) од …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, во фокусот евроинтеграциите и билатералната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските односи, коишто се одликуваат со редовен политички дијалог, заеднички стратешки цели и усогласени ставови за меѓународните прашања. Сиљановска-Давкова укажа дека добрососедството, јакнењето на регионалната соработка и иницијативите како процесот Брдо-Бриони, придонесуваат за поголема …

Continue Reading

Николоски: Извозот е прв приоритет за домашната економија

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 …

Continue Reading

Мицкоски: Сакаме економија чиј раст ќе го чувствуваат граѓаните и инвестиции што создаваат добро платени работни места

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека целта на Владата е создавање економија чиј раст ќе го чувствуваат граѓаните, со повеќе инвестиции, квалитетни и добро платени работни места и подобри услови за работниците. Во обраќањето по повод потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, тој најави реформи во трудовото законодавство, модернизација на институциите и зајакнување на инспекцискиот надзор. …

Continue Reading

Македонија и МОТ ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа 2026–2030

Владата на Република Северна Македонија, организациите на работодавачите, синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030, потврдувајќи ја својата заедничка заложба за инклузивен економски раст, квалитетни и продуктивни работни места и посилни институции на пазарот на трудот. „Со потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030, ја потврдуваме нашата определба за …

Continue Reading

Нова смрт со траги од насилство во Ѓорче Петров – ќерка ја пронашла почината својата 76-годишна мајка

Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е втор случај за само пет дена во истата општина во кој лице е пронајдено починато во дом со траги од насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот денеска (27 октомври), во 9:18 часот, …

Continue Reading

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите при користењето финансиски производи и услуги во современите услови на дигитализација, од 28 октомври до 5 ноември ќе се одржат повеќе активности во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Деновите на финансиската писменост. …

Continue Reading

Финците и Норвежаните разговараа со Путин за првпат од почетокот на војната

Во јужна Украина денеска стапи на сила локален прекин на огнот, договорен во пресрет на хуманитарна мисија предводена од првата дама на САД, Меланија Трамп. Во исто време, Киев беше цел на нови ракетни напади. Во меѓувреме, претседателот на Финска и премиерот на Норвешка остварија телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, што претставува нивен прв познат директен контакт од …

Continue Reading

Белгија ја одложува забраната за пушење на терасите на угостителските објекти

Белгијците ќе можат уште некое време да пушат на терасите од рестораните, бидејќи владата објави дека ја одложува планираната забрана за пушење на отворено, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година, пренесува „Политико“ (Politico). Федералната влада планираше да го забрани пушењето пред кафулињата и угостителските објекти од 1 јануари, како дел од мерките за јавно здравје …

Continue Reading