Иран до САД по израелскиот напад врз Бејрут: „Играта на добар и лош полицаец е застарена“
По нов израелски напад врз јужните предградија на Бејрут, еден од водечките ирански политички функционери упати остри критики кон САД, обвинувајќи ги дека немаат ниту волја ниту капацитет да ги исполнат своите обврски и дека со Израел играат стратегија на „добар и лош полицаец“. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф, на платформата X изјави дека најновиот напад во областа Дахија …
Continue Reading
(Видео) Тешка поморска несреќа кај Сплит: се судрија едрилица и катамаран, има загинати
Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта и Брач, во близина на Сплит. Несреќата се случила денес околу 11:38 часот во Сплитските врати, кога дошло до директен судир меѓу патнички катамаран и едрилица, која потоа потонала. На катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот и …
Continue Reading
СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот
СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе неколку дена не функционира, поради што граѓаните имаат проблеми со скенирање фискални сметки и поврат на дел од платениот ДДВ. Во соопштение од партијата се наведува дека системот бил нефункционален околу пет дена, иако денеска бил најавен како повторно ставен во функција, но граѓаните и натаму пријавуваат потешкотии во користењето. Од СДСМ тврдат …
Continue Reading
(Видео) Филипче помеѓу земјоделиците: Зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, откуп нема
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата во секторот е најлоша во последните три децении. По средбите со земјоделци од различни гранки, Филипче изјави дека производителите се соочуваат со зголемени трошоци за производство, доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и недостиг на организиран откуп. Според него, цените …
Continue Reading
Иран поделен околу договорот со САД: протести, обвинувања за „капитулација“ и неизвесност во последен момент
И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај на актуелната криза и за ограничување на иранската нуклеарна програма, во Техеран расте отпорот кон можниот договор, а конечната одлука сè уште не е донесена. Според ирански и американски извори, меморандумот за разбирање меѓу двете земји е во завршна фаза, но неговата содржина и понатаму …
Continue Reading
„Најлошо прво полувреме на Бразил, уште од оние 7:1 против Германија“
Бразил го отвори Светското првенство со реми 1:1 против Мароко, а реакциите во татковината, за настапот на националниот тим се брутални. Бразилските медиуми и коментатори не се задоволија со класичните критики, туку настапот на „Селесао“ го опишаа како алармантен, анемичен и на делови срамен. Бразил се спаси благодарение на индивидуалната мајсторија на Винисиус Жуниор, но впечатокот по натпреварот беше далеку …
Continue Reading
(Видео) Од есен би можела да почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до јули треба да бидат завршени клучните студии за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, по што проектот ќе влезе во собраниска процедура, а првите активности на терен би можеле да започнат уште наесен. Одговарајќи на новинарско прашање за проектите што треба да се реализираат во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото …
Continue Reading
Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал. Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, …
Continue Reading
Грчките специјалци го спасиле Тајрик Џонс од бесните играчи на Панатинаикос
Јаки полициски сили, во полна борбена опрема, спречија потера по Тајрик Џонс во „Салата на мирот и пријателството“. Кога слушнаа што се случило во ходникот синоќа, откако го загубија петтиот натпревар од финалето на плејофот на паркетот од нивниот најголем ривал, кошаркарите на Панатинаикос се вратија за да се пресметаат со Џонс. Центарот на Олимпијакос, беше исклучен, на 3:17 до …
Continue Reading