Шест пожари и натаму горат низ Македонија, 22 се изгаснати во текот на ноќта

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од …

Continue Reading

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. Најголем број случаи досега се …

Continue Reading

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ се мачеше и испадна од мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ, доживеа колапс и го заврши учеството во Синсинати веќе во второто коло, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6. Српскиот ас го отвори мечот на најдобар можен начин и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Ѓоковиќ двапати го освои сервисот на противникот, додека Тиранте не можеше да најде решение за играта на првиот носител. …

Continue Reading

Автобус со 84 српски туристи излетал од патот во Бугарија: Нема повредени

Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија. Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива. По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска …

Continue Reading

Скопјани од Карпош се скарале за куче, па се испотепале

Недоразбирање околу домашен миленик – куче, прераснало во физичка пресметка меѓу двајца скопјани во скопски Карпош. Како што информира МВР, вчера, 14 август, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 67-годишниот В.К. и 27-годишниот А.Н., двајцата од Скопје. Според пријавеното, настанот следел по претходно …

Continue Reading

Најмалку 47 загинати во силниот земјотрес што ја погоди источна Индонезија

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени и десетиците последователни потреси што денеска ја погодија источна Индонезија. Спасувачките екипи сè уште не стигнале до областа Нагекео, која се наоѓа најблиску до епицентарот, откако свлечишта ги блокираa патиштата и ја нарушиja комуникацијата, соопштија официјалните власти. По земјотресот, кој се случи рано утринава, во неколку крајбрежни области …

Continue Reading

(Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар, доволна е искра за вистинска катастрофа

Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот …

Continue Reading

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ

Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија. Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина …

Continue Reading