Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија.
Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива.
По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска станица „Инса оил“. Таму се очекува да пристигне друг автобус што го обезбедил српскиот превозник, со кој патниците треба да го продолжат патувањето кон Србија.