Шест пожари и натаму горат низ Македонија, 22 се изгаснати во текот на ноќта


depositphotos_660499176_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи.


Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка.

Најголем дел од активните пожари зафатиле шума, ниска вегетација и грмушки. Во општините Јегуновце и Сарај пожарот од подрачјето на селата Копанце и Туденце се проширил кон селото Бојане, додека пожарот кај С’лп, во општина Велес, се проширил кон Добрино и Тисовица во општина Зелениково.

Пожарот меѓу селата Алданци и Норово во општина Крушево е ставен под контрола.

Во текот на ноќта се изгаснати уште 22 пожари на отворен простор, меѓу кои во Бутел, Гази Баба, Зелениково, Битола, Могила, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Богданци, Струга, Кичево, Чешиново-Облешево, Липково, Тетово, Брвеница, Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK