Трамп: Маск и јас не сме виновни за ограничувањата на воените сателитски комуникации на Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претприемачот Илон Маск не се одговорни за проблемите со пристапот на украинската армија до сателитските комуникациски системи на компанијата „Space X“. Трамп им изјави на новинарите дека САД не вовеле ограничувања за пристап до системот „StarShield“, воена верзија на сателитски комуникации наменета за потребите на американската влада и војската. Илон Маск, …
Continue Reading
Трамп ја отпушти новата портпаролка по само неколку дена
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти својата портпаролка Кети Закарија по само една недела на функцијата, потврдија советниците на претседателот, со што нагло заврши нејзиниот краток и бурен мандат како прес-секретар во Белата куќа, објави CNN. Трамп јавно ѝ кажа на својата нова портпаролка, Кети Закарија, во вторникот дека треба да „преиспита“ својата одлука да остане на функцијата, само неколку …
Continue Reading
Драматично предупредување на Зеленски: „Ако паднеме, 20 милиони луѓе ќе пристигнат во Европа“
Украина има поддршка од сите европски лидери, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, негирајќи ги медиумските извештаи дека од европските претставници било побарано да го омекнат тонот во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. „За време на денешните состаноци немаше никакви забелешки. Слушнав само поддршка од моите европски колеги, за што сум благодарен“, рече Зеленски на прес-конференција, откако учествуваше во …
Continue Reading
Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме
„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг …
Continue Reading
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар од територијата на своите членки
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Северноатлантската алијанса е подготвена да го брани секој дел од територијата на своите членки во случај на евентуален напад, нагласувајќи дека во моментов нема докази дека Русија планира напад врз која било од земјите на Алијансата. Руте нагласи дека НАТО внимателно ја следи безбедносната состојба и ќе реагира доколку забележи подготовки за …
Continue Reading
Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка – стап и морков, велат од СДСМ
Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине – лаже. Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. …
Continue Reading
(Видео) Скопјани по 30 години чекање ќе го добијат целосно завршен, модерен и безбеден булеварот „Борис Трајковски“, најави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. – За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор …
Continue Reading
(Видео) Рама ги обвини странските фактори за немирите во Албанија, апелираше до граѓаните на мир
Албанскиот премиер Еди Рама денес ги повика граѓаните на мир по неколкудневните насилни антивладини протести и ги обвини странските фактори за поттикнување немири, тврдејќи дека нивната цел е да го спречат пристапувањето на Албанија во Европската Унија. Рама оцени дека протестите „апсолутно немаат никаква врска“ со тешките услови за живот во Албанија, ниту со легитимната желба на граѓаните да ги …
Continue Reading
Утре сончево, со умерена локална облачност
Времето утре, ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти …
Continue Reading