Трамп ја отпушти новата портпаролка по само неколку дена


14359759-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти својата портпаролка Кети Закарија по само една недела на функцијата, потврдија советниците на претседателот, со што нагло заврши нејзиниот краток и бурен мандат како прес-секретар во Белата куќа, објави CNN.


Трамп јавно ѝ кажа на својата нова портпаролка, Кети Закарија, во вторникот дека треба да „преиспита“ својата одлука да остане на функцијата, само неколку дена откако ја презеде функцијата. Трамп тврди дека медиумите се однесувале кон неа „многу, многу лошо“ во последните денови.

„Ја прашав: „Кети, дали ова е за тебе? Затоа што искрено, не ти треба ова. Не мора да дозволиш да се однесуваат кон тебе толку лошо“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Тој ја опиша како „многу фина личност“ и додаде дека ја советувал: „Да бев на твое место, ќе размислев за тоа“.

Трамп, исто така, се осврна на нејзините две неодамнешни појавувања на „Фокс њуз“, телевизиски канал кој обично е наклонет кон републиканците. Таму, таа ја бранеше својата работа и квалификации и рече дека со неа се однесувале „прилично сурово“. „Добредојдовте во светот на Трамп“, коментираше претседателот.

Закарија се соочи со остри критики од самиот почеток. Нејзиниот прв брифинг за медиумите во вторникот траеше помалку од 15 минути, а таа одговори само на три прашања од новинарите. Многу набљудувачи оценија дека изгледала нервозно и неподготвена за улогата. Речиси сè што кажа на прес-конференцијата беше прочитано од весник, а од начинот на кој го прочита, беше јасно дека се среќава со текстот што го чита за прв пат, пишуваат медиумите.

Имаше и големи забелешки за нејзините квалификации. Иако Трамп ја претстави како „адвокат“, Закарија никогаш не го положила правосудниот испит во САД и затоа не ја исполнува законската дефиниција за таа професија. Медиумите, вклучително и конзервативните, исто така го доведуваат во прашање нејзиното време поминато во адвокатска фирма во Кина.

Кети Закарија, 42, е шестата прес-секретарка на Белата куќа за време на двата мандати на Трамп, според написите.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK