Трамп: Маск и јас не сме виновни за ограничувањата на воените сателитски комуникации на Украина


tramp-depositphotos_785548384_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претприемачот Илон Маск не се одговорни за проблемите со пристапот на украинската армија до сателитските комуникациски системи на компанијата „Space X“.


Трамп им изјави на новинарите дека САД не вовеле ограничувања за пристап до системот „StarShield“, воена верзија на сателитски комуникации наменета за потребите на американската влада и војската.

Илон Маск, сопственик на компанијата „SpaceX“, која управува со мрежата „Starlink“, изјави дека „Starshield“ е под контрола на американската администрација и војската, додека „Starlink“ е комерцијален производ кој, според него, не може да се користи за офанзивни воени дејствија.

Украинските власти претходно оваа недела објавија дека војската имала проблеми со пристапот до сателитските системи. Тие рекоа дека прекините влијаеле на некои воени операции, вклучително и на употребата на беспилотни летала со долг дострел.

Прашања за воената комуникација
Украинските власти потоа објавија дека сателитските врски се делумно обновени. Сепак, извештаите за ограничувањата го покренаа прашањето за зависноста на украинската војска од американската сателитска технологија.

Ројтерс објави на 15 октомври, повикувајќи се на двајца американски претставници и еден западен функционер запознаен со случајот, дека наредбата за ограничување на услугата „Старшилд“ дошла од Белата куќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK