Попладне дожд, грмежи и можен град, температури до 38 степени
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, локално ќе има услови и за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од …
Continue Reading
(Видео) Египет го победи Нов Зеланд, Зеленортските острови го шокираа и Уругвај
Во натпревар од второто коло од Групата Х, Уругвај и Зеленортските острови ги поделија бодовите играјќи 2:2. Двете екипи сега имаат по два бода. Нерешениот резултат ги остава двата тима за пласман во нокаут фазата, но за Уругвај ситуацијата стана многу покомплицирана бидејќи играат против Шпанија во последното коло. Кевин Пина Лентини и донесе предност на африканската селекција, со гол …
Continue Reading
(Видео) Блегија немоќна против ветераните од Иран
Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран. Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика. Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи …
Continue Reading
(Видео) Шпанија без мака против Саудиска Арабија
По неуспехот во дуелот со Зелено’ртските Острови, Шпанија рутински победи против Саудиска Арабија во второто коло од Групата Х – 4:0. Шпанците се задоволни и од враќањето на ѕвездата на тимот, Ламин Јамал, во почетниот состав, а најмладиот играч на оваа репрезентација го одигра првото полувреме, во кое го постигна и водечкиот гол за својата селекција, во десеттата минута. Во …
Continue Reading
Зеленски: Полскиот претседател собира политички поени на омраза кон Украинците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека полскиот претседател Карол Навроцки ги заострил односите со Украина поради внатрешнополитички причини, коментирајќи ја одлуката за одземање на Орденот на Белиот орел – највисокото полско државно одликување. Во интервју за украинската телевизија ТСН, Зеленски оцени дека потегот на Навроцки е дел од политичката борба во Полска. „Тоа го гледам исклучиво како дел од изборниот …
Continue Reading
Германскиот министер за надворешни против наплата за Ормутскиот теснец: „Мора да остане слободен за пловидба“
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се изјасни против воведување систем за наплата за пловидба низ Ормутскиот теснец по евентуалниот крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Тој порача дека клучниот поморски правец за глобалното снабдување со енергија мора да остане слободен за пловидба, повикувајќи се на меѓународното поморско право. „Морскиот пат мора да остане слободен за пловидба – …
Continue Reading
Паузирани преговорите меѓу САД и Иран по заканите од Трамп
Преговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија се „паузирани, но не и завршени“, соопшти ирански извор за Ројтерс, во услови на зголемени тензии и меѓусебни закани меѓу двете страни. Според истиот извор, иранската делегација реагирала остро на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и наводно во знак на протест го напуштила местото на разговорите. Ирански претставник исто така порачал …
Continue Reading
(Видео) Украински дронови погодија нафтен објект кај Керч, Киев најавува засилени удари врз Крим
Украинските сили за беспилотни системи соопштија дека во текот на ноќта погодиле нафтен терминал во областа Керч на окупираниот Крим, при што индиректно навестија и можни удари во близина на Кримскиот мост. „Не, не алудираме на ништо, но во текот на ноќта, од блиску и од различни агли, го видовме Кримскиот мост 😉“, соопштија од украинските Сили за беспилотни системи, …
Continue Reading
Лишени од слобода 20 возачи за безобѕирно управување, дел без возачка, дел под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, 16 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четири лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол. Според податоците, во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола, при што едно од …
Continue Reading