Иран одбил заедничко фотографирање со американската делегација во Швајцарија


screenshot-2026-06-21-183017.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранската делегација одбила заедничко фотографирање со американската делегација за време на состанокoт во Швајцарија, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.


Според истиот извор, американската делегација и организаторите на состанокот планирале заедничко ракување и официјална церемонија на фотографирање. Сепак, шефот на иранскиот преговарачки тим се спротивставил на ваквиот протокол, поради што фотографирањето било откажано.

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија е завршена, соопшти извор близок до преговорите за „Ројтерс“.

Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД се наоѓаат во „историски момент“, нагласувајќи дека разговорите претставуваат обид за поширока трансформација на односите на Блискиот Исток.

Според него, во процесот посредуваат претставници на Катар и Пакистан, а целта е долгорочно унапредување на односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK