По неуспехот во дуелот со Зелено’ртските Острови, Шпанија рутински победи против Саудиска Арабија во второто коло од Групата Х – 4:0.
Шпанците се задоволни и од враќањето на ѕвездата на тимот, Ламин Јамал, во почетниот состав, а најмладиот играч на оваа репрезентација го одигра првото полувреме, во кое го постигна и водечкиот гол за својата селекција, во десеттата минута.
Во центарот на вниманието беше Микел Ојразабал, кој имаше четири шанси во првото полувреме, искористи две, постигнувајќи гол во 21-та и 24-та минута.
Саудиска Арабија беше далеку од изданието во првото коло, кога го изненади Уругвај и освои бод. Сепак, се покажа дека немаат што да бараат во овој натпревар, но дефинитивно ќе имаат шанса во дуелот од последното коло со Зелено’ртските Острови.
Конечниот резултата го постави Тамбакни, со автогол, по ударот на Кукуреља.
Foto/ EPA