Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран.
Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика.
Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи ја Германија од Светското првенство во 1998 година, кога просекот беше 31 година и 334 дена.
Целиот натпревар мина во знакот на Белгија, која го контролираше поседот на топјата но без решение за дефанзивниот блок на Иран. Имаа среќа Иранците во првиот дел кога ВАР го поништи голот на Тареми.
Дека мечот ќе заврши без победник беше јасно во 67-та минута кога Ндој доби црвен картон.
Белгија во последното коло ќе игра против Нов Зеланд, а Иран за противник ќе го има Египет.
Foto/ EPA