(Видео) Дамевски: Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема“, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година …

Continue Reading

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка

Британскиот министер за одбрана Џон Хили неочекувано поднесе оставка, велејќи дека владата не е подготвена да троши доволно за војската во време кога безбедносните закани се зголемуваат. Хили му порача на премиерот Кир Стармер дека владиниот план за трошење на одбраната „значително не ги исполнува потребните услови во овие опасни времиња“. Објавувањето на планот беше одложено по медиумските извештаи за …

Continue Reading

Реакција на Центар за граѓански комуникации на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето. Најнапред, во истражувањето во ниту …

Continue Reading

(Видео) САД објавија снимка: „Нападнавме трет брод во Оманскиот Залив“

Американските сили потврдија дека оваа недела нападнале и онеспособиле трет комерцијален брод во Оманскиот Залив, тврдејќи дека тој ја прекршил иранската блокада со обид за транспорт на иранска нафта. Индија претходно ги обвини САД дека ова е трет напад врз брод што превезува индиски морнари. Ракети „Хелфаер“ во машинската просторија Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ, соопшти дека го погодила М/Т …

Continue Reading

(Видео) Шминкерка на славните ѕвезди открива трик како шминката да ви трае цел ден

Мери Филипс, шминкерка на многу познати личности, вклучувајќи ги Хејли Бибер, Кендал Џенер, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Скарлет Јохансон, со години се смета за една од највлијателните шминкерки во индустријата. Таа често споделува совети за шминка на својот Инстаграм профил, а овој пат ги воодушеви своите следбеници со трик за убавина кој ви овозможува да ја матирате кожата без …

Continue Reading

Министерот не се цени по тоа колку време бил на функција туку колку позитивни процеси имал, вели Алиу за негова можна смена

Министерот за здравство Азир Алиу не го менува мислењето за негова можна смена од функцијата по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во втората половина на овој месец ќе прави реконструкција на Владата. Алиу денес даде отчет за сработеното во измината година откога е министер и рече дека тоа ќе му значи повеќе од тоа колку време министерувал. „Ова прашање …

Continue Reading

Уапсен маж од Гостиварско: ја демнел неговата сопруга и упатувал закани преку телефонски пораки

Вчера во 16:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село. Тој бил баран поради основано сомнение дека не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел неговата 38-годишна сопруга од …

Continue Reading

Кавадарчанец со „шкода“ излета од автопатот Велес-Градско: тешко повредена сопатничката

Вчера во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишник Г.В. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес. За настанот е известен јавен …

Continue Reading

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил 23-годишник со мопед

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Лазар Трповски“ во Скопје, мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот И.Ф. удрил во 52-годишната Џ.Б., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Б., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР …

Continue Reading