Бернам: Велика Британија ќе ги исполни своите обврски кон НАТО


big-ben-clock-tower-and-depositphotos_140398590_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот премиер Енди Бернам денес изјави дека министерот за финансии Џон Хили во среда ќе претстави план за исполнување на обврските на Велика Британија кон НАТО, вклучително и зголемување на трошоците за основните одбранбени потреби на 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година.


Како што објавува Ројтерс, Хили во среда ќе го претстави својот прв буџет како министер за финансии, во кој се очекува да ги објави пошироките планови на владата во областа на јавните трошоци и фискалната политика.

Претходно, од 2024 до 2026 година, Хили беше министер за одбрана на Велика Британија.

„Хили ќе претстави пат кон исполнување на нашите обврски кон НАТО, а ние сигурно ќе ги исполниме тие обврски. Ќе претставиме план за кој веруваме дека е вистинскиот начин да се постигне ова“, рече Бернам во интервју за емисијата „Добро утро Британијо“ на ITV.

Британскиот премиер истакна дека меѓу приоритетите на владата се обезбедување средства за инвестиции во одбраната и одредување начини за постигнување на целите на НАТО во однос на воените трошоци.
Бернам нагласи дека националната безбедност мора да остане еден од приоритетите на британската влада, особено во, како што изјави, „свет полн со предизвици“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK