Кендал Џенер е еден од најпопуларните модели денес, која ги освојува модните писти со својата убавина. Сега, таа откри како изгледа без ниту малку шминка…
Позната по својата убавина и впечатливиот од на модната писта, Кендал Џенер уште еднаш ги истакна своите најубави црти. На Инстаграм – каде што редовно споделува моменти од својот приватен и професионален живот – таа објави интересно видео кое брзо го привлече вниманието на јавноста ширум светот.
View this post on Instagram
Во видеото, таа се појавува целосно без шминка, овозможувајќи им на своите бројни следбеници на Инстаграм да ја видат славната убавица во нејзиното природно издание.
Кендал ја сподели својата рутина за убавина, вклучувајќи го и производот што го користи за хидратација на кожата на лицето. Судејќи според коментарите под објавата, многумина беа воодушевени од нејзиниот изглед и ја опсипаа со комплименти.
View this post on Instagram
„Преубава си без шминка“, „Те обожавам“ и „Леле, имаш совршена кожа“ – ова беа само дел од реакциите. Таа навистина ја оправдува својата репутација на еден од најубавите модели на нашето време.