Шешко го бараа неколку клубови тој реши да остане во Лајпциг

benjamin-sesko-rb-leipzig-2023-1693906764-115894.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Еден од најбараните напаачи во Европа, Бенјамин Шешко (21), пред почетокот на Европското првенство донел одлука околу својата иднина. Изминатите недели Шешко најчесто се поврзуваше со Арсенал и Милан.

Шешко, како што тврди трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, решил да остане во Лајпциг. Според новинарот, Шешко верува дека најдобро за неговата кариера е да остане во Лајпциг уште една сезона.

Шешко во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра.

Напаѓачот сезонава на 31 натпревар, постигнал 14 глови и забележа две асистенции.

Шешко ќе го предводи нападот на Словенија на ЕП. Словенците се во групата со Англија, Србија и Данска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK