Уште еден тежок удар за Холандија – И Компмајнерс ќе го пропушти ЕУРО 2024

skysports-teun-koopmeiners_6571486.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Одличниот играч за врска на Аталанта и на холандската репрезентација, Теун Копмајнерс (26), отпадна од списокот за ЕП само пет дена пред првиот натпревар на Холандија.

Причината е бизарна. Пред синоќешниот натпревар против Исланд, Копмајнерс самиот се повредил на загревањето.

Холандскиот фудбалски сојуз штотуку објави дека Копмајнерс мора да го пропушти ЕП, откако синоќа објави дека Френки де Јонг, уште еден одличен играч од средниот ред, исто така, поради повреда ќе го пропушти континеталниот шампионат.

Тоа е огромен удар за Холандија, која сега е во можеби најтешката група на ЕП (Франција, Австрија, Полска) ќе биде без Де Јонг и Копмајнерс, но и Мартен Де Рон и Матс Вифер, кои поради повреди не се најдоа на списокот на Роналд Куман.

Коупмајнерс беше одличен во неодамна завршената сезона. Со 15 гола и 7 асистенции ја предводеше Аталанта до финалето на Купот на Италија, до трофејот во Лига Европа и до четвртото место во Серија А.

Аталанта го купи пред три години од АЗ за 14 милиони евра, а сега Копмајнерс е блиску до трансфер во Јувентус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK