Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во деветтото коло од Серија А, додека Наполи фаќа приклучок кон горниот дел од табелата.
Џенова го победи Јувентус дома со резултат од 2:0.
Домашниот тим, инаку голем аутсајдер, го реши прашањето за победникот веќе во 28-та минута од натпреварот, кога беше 2:0.
Головите ги постигнаа Ехизибуке и Балданци.
Гостите од Торино имаа шанси и шутеви кон голот, веројатно заслужуваа барем еден гол до крајот на натпреварот, но на крајот резултатот остана непроменет.
Во исто време, Наполи ја победи Монца на гостински терен со 4:1.
Гостите поведоа со голот на Хојлунд во десеттата минута, но на крајот од првото полувреме, Варел аизрамни.
Сепак, во вториот дел Наполитанците спакуваа уште три гола во мрежата на Монца. Стрелци беа Политано, Марин и Де Брујне.