Од верските календари

verski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ







Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 aприл.

Денеска е Св. апостол и евангелист Марко.

Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет. И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во од не¬го подигнатата александриска црква, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Франциска – Урлика.

Била родена во 1882 година, во Обердорф, во Германија. Како милосрдна сестра стапила во дружината на сестрите на светиот Крст. Еден животописец за неа напишал: “Секогаш останала понизна сестра извршувајќи работи со апсолутна верност кон своите редовнички правила и со љубов кон секој човек”. Работата не ја спречувала да биде поврзана со Господ. На 30-годишна возраст, во 1913 година му ја предала својата племенита душа на Господ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK