Од верските календари

verski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 април.







Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, којашто беше на служба кај царицата. Таа и се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Беше радосна што најде прилика да си ја спаси девственоста и за ова и пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и ѝ испраќаше пари за црковниот храм во Амасија. Но едно од овие писма од Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, нејзе и епископот. Во меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж заврши под меч, а телото му го фрлија во морето, во 322 година. По укажување на Божји ангел неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи и го пренесоа во Амасија, каде што чесно го погребаа во црквата што ја беше подигнал самиот. Царот Константин крена војска против Ликиниј, го победи и го фати и го испрати во ропство во Галија, каде што заврши неговиот богоотпаднат живот.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е 9 мај.

Свети Кристофер

Денеска го празнуваме свети Христофор, маченик од III. век. Според некои, тој е роден во Ханаан, според други во Северна Африка. Пред крштевањето се викал Репробус, Оферус или Адоким. Во средниот век, тој беше еден од најпопуларните и најпочитуваните светци. Тој очигледно бил силен човек, горостас, кој патувал низ светот во потрага по авантура. За него има многу легенди. Според најубавата легенда, тој еднаш преку реката го пренел момчето Исус (грчки Христофорос, носител на Христос). Исус потоа го крстил со вода од таа река. Кристофер потоа отиде во Ликија, каде што пострада за Христа Господа. Малку се знае за него, но сигурно е дека како маченик починал околу 251 година на грчкиот остров Самос, за време на прогонството на Декиј. Главата му била отсечена затоа што не сакал да им принесува жртва на паганските богови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK