Пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и вага при претрес во Ѓорче Петров, уапсен 29-годишник


screenshot-2026-11-14-144125.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага биле пронајдени при претрес во дом во скопската населба Ѓорче Петров. Полицијата го лишила од слобода 29-годишниот сопственик.


Од МВР информираат дека претресот бил извршен на 13 ноември, со наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Пронајдените предмети биле одземени, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK