Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат. „Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата откако актуелниот шампион Галатасарај го победи Гезтепе со 2-1. Како што беше соопштено, многу судиски одлуки отидоа во корист на Галатасарај, што влијаеше на конечниот исход. На домаќинот му беше досуден пенал во сомнителна ситуација, додека на другата страна тоа …
Continue Reading
(Видео) Македонските ракометари со распеана божиќна честитка пред патувањето во Хрватска
Македонските ракометари го честитаа големиот празник Божиќ и запеаја песна пред нивното патување во Хрватска. Открија дека како мали му пишувале писма на Дедо Мраз, а омилена божикна песна им е „Елко, елко“, која и ја запеаја. Утре од 20:15 часот во Вараждин, ќе се одигра пријателскиот натпревар против Хрватска. Повеќе во ВИДЕОТО.
Continue Reading
Медведев стана татко по вторпат
Рускиот тенисер Данил Медведев изненади со новогодишна честитка за 2025 година. Медведев ретко е виден во јавноста, не учествува на ниту еден подготвителен турнир за Австралија опен, а сега е позната причината. Данил стана татко по вторпат. Тој објави фотографија од болница, на која се гледаат тој, неговата ќерка Алиса и бебето. Светскиот рекет број пет е видно отсутен и …
Continue Reading
Сон останува во Тотенхем до летото 2026 година
Тотенхем ја искористи клаузулата од договорот и го продолжи договорот на Сон до летото 2026 година, беше потврдено во вторникот. Хјеон Мин Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за Спарс, постигнувајќи 169 гола. Само во Премиер лигата, јужнокорејскиот репрезентативец забележа 320 настапи, 125 гола и 68 асистенции. Оваа сезона одигра 17 …
Continue Reading
Почина Душан Дуда Маравиќ, легендата на ФК Црвена Звезда
На Бадник на 85-годишна возраст почина Душан Дуда Маравиќ, легендарниот фудбалер на Црвена Звезда и стрелец на првиот гол на новоизградениот стадион во Љутице Богдана. Душан Маравиќ е роден во Франција на 7 март 1939 година. По завршувањето на Втората светска војна со семејството дошол во Југославија и станал голем фудбалер. Тој освои златен медал на Олимписките игри во Рим …
Continue Reading
Интересна соработка: Мерцедес му ги отвора вратите на Ф1 светот на „Адидас“
Германскиот производител на спортска опрема најави почеток на повеќегодишна соработка со „Мерцедес“. Тимовите на „Мерцедес“ ќе бидат облечени од глава до пети во „Адидас“ кој ќе ја произведува нивната облека, обувки и сите додатоци. Опремата ќе ја добијат сите – возачи, механичари, инженери… Јавноста за прв пат ќе види во февруари како изгледа новата опрема на „Мерцедес“. „Планиравме и неколку …
Continue Reading
(Видео) Започна соработката Ѓоковиќ-Мареј
Официјално започна ерата на Новак и Енди, судејќи според сликите кои кружат на социјалните мрежи објавени од Австралија опен. Српскиот тенисер, во понеделникот пристигна во Мелбурн, на својот омилен Грен слем, откако неодамна беше поразен во Бризбејн, во средата го одработи првиот тренинг со својот нов тренер. Поранешниот британски тенисер не беше во „боксот“ на Новак за време на турнирот …
Continue Reading
(Видео) Сакраменто во луд натпревар со две продолженија го победи Мајами
Девет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Вистински трилер одиграа Сакраменто и Мајами, славеа домќините по две продолженија со 123:118. Јанис Адетокмбо забележа трипл-дабл против Торонто, а Далас без Лука Дончиќ доживеа нов пораз. Адетокумбо, во првиот дел го повреди малиот прст на раката, замина во соблекувалната, доби три конци и се врати на теренот. Гркот мечот го …
Continue Reading
(Видео) Милан од 0:2 до трофејот во Суперкупот на Италија
Фудбалерите на Милан со спектакуларен пресврт го освоија Суперкупот на Италија. Во „Дерби дела Мадонина“ во Ријад, Милан од 0:2 против интер дојде до 3.2. Милан го освои првиот Суперкуп по 2011 година и воедно ја прекина доминацијата на Интер, кој во последните три сезони го освојуваше трофејот. Сержо Консеисао не можеше да посака подобро деби на клупата на Милан. …
Continue Reading