(Видео) Милан со играч повеќе го победи Бриж, Монако со „петарда“ ја испрати Црвена звезда

Со победите на Милан и Монако започна третото коло во Лигата на шампионите. Милан го победи Бриж со 3:1, а Монако славеше над Црвена звезда со 5:1. Милан на „Сан Сито“ ја отклуча одбраната на Бриж во 34.минута кога мајсторски погоди Пулишиќ. Репрезентативецот на САД го совлада ветеранот Мињоле директно од корнер. Во 40.минута Бриж остана со играч помалку, црвен …

Continue Reading

Фудбалската легенда на Уругвај ќе дебитира како тенисер

Диего Форлан, легендата на уругвајскиот фудбал, на 45-годишна возраст ќе дебитира во професионалниот тенис. Како што пренесуваат медиумите во Монтевидео, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид и Интер е голем љубител на тенисот и наскоро ќе дебитира на АТП Челинџер. На Светското првенство во Јужна Африка, Форлан ја подели титулата најдобар стрелец, го постигна најубавиот гол на турнирот …

Continue Reading

Мијатовиќ се врати во Партизан, но ќе работи од Шпанија

Предраг Мијатовиќ (55), легендарниот поранешен црногорски ас на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал, се врати во белградскиот клуб каде се прослави како играч. Мијатовиќ, напаѓач на Партизан од 1990 до 1993 година, е нов член на управата на белградскиот клуб, соопштено е по седницата на Собранието на Партизан. Мијатовиќ доаѓа во Партизан во време кога српскиот гигант го тресе невидена …

Continue Reading

Реал ќе ги пречека „милионерите“ од Дортмунд, Миовски со Џирона против Слован

Вечерва и утре во Лигата на шампионите ќе се одиграат натпреварите од третото коло. Колото ќе го обележат шпанско-германските пресметки. Вечерва на „Сантијаго бернабеу“, во реприза на финалето од минатата сезона Реал Мадрид ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Од четворицата макеонски репрезентативци, вечерва шанса може да добие Бојан Миовски. Џирона има голема шанса да ја зашише првата победа во Лигата …

Continue Reading

(Видео) Јоро по три месеци пауза започна со тренинзите

Лени Јоро, засилувањето на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок, по три месеци пауза започна со индивидуални тренинзи. Младиот стопер кој летово пристигна за 55 милиони евра се повреди по само десет дена во клубот. Тој на подготовките на турнејата низ САД ја скрши метатарзалната коска на стапалото на натпреварот против Арсенал, по што веднаш беше опериран. Манчестер јунајтед се …

Continue Reading

Добри вести за Црвена звезда, повредата на Боломбој не е сериозна

Добри вести за тренерот, играчите и навивачите на Црвена звезда 12 часа по повредата на Џоел Боломбој на натпреварот со Будуќност во Подгорица. Американецот со руски пасош со помош на соиграчите го напушти теренот. Во третата четвртина од дерби натпреварот од 5. коло на АБА лигата, Боломбој поради кондензација се лизна на инаку лизгавиот паркет, во таа прилика го истегна …

Continue Reading

Челниците на Леверкузен се свесни дека Алонсо ќе го напушти клубот

Челниците на Баер Леверкузен се помириле со фактот дека тренерот Чаби Алонсо најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Шпанскиот стручњак, кој на тимот му ја донесе првата титула во историјата, е на мета на неколку големи европски клубови. Едно е сега сигурно, клубот кој најмногу го посакуваше пред само половина година, Ливерпул, повеќе нема да биде опција. …

Continue Reading

Хјустон ги задржа пет односно три години „Бејби Јоки“ и Грин

Ден пред почетокот на новата сезона во НБА лигата, Хјустон Рокетс потпиша петгодишен договор со центарот Алперен Шенгун. Центарт на Хјустон кого НБА новинарите го нарекуваат „Бејби Јокиќ“ доби петгодишен договор вреден 185.000.000 долари. Шенгун стана првиот играч по Лука Дончиќ и Треј Јанг кој потпишал петгодишно продолжување на руки договорот. Тој има опција кога ќе влезе во последната петта …

Continue Reading

Започнува новата 79. сезона во НБА, титулата ја бранат Бостон Селтикс

Со натпреварот помеѓу Бостон Селтикс и Њујорк Никс во ноќта меѓу вторник и среда започнува 79. сезона во кошаркарската НБА лига. Во вториот натпревар од четиричасовната вечер ќе играат Лос Анџелес Лејкерс и Минесота. Титулата ја бранат кошаркарите на Бостон, кои минатата сезона во финалната серија го победија Далас со 4:1. Актуелните шампиони Бостон се најголемите фаворити за титулата. На …

Continue Reading