ПСЖ брка финале во Лигата на шампионите без најдобриот играч?

Пари Сен Жермен, потврди дека Усман Дембеле претрпел повреда на мускулот, што го става под знак прашалник, неговиот настап против Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите следната недела. Дембеле го постигна единствениот гол на „Емирати“ во вторник вечерта. Го совлада Давид Раја во четвртата минута и му обезбеди на ПСЖ минимална предност пред решавачкиот дуел во Париз. …

Continue Reading

Даер ќе го напушти Баерн Минхен

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека Ерик Даер, како слободен играч, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. „Разговаравме со Ерик за новиот договор. Тој ни кажа дека не сака да го продолжи и дека ќе нè напушти. Се надевам дека ќе го круниса својот престој во клубот со својата прва титула“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд. …

Continue Reading

Бронзен медал и пласман за Балканско првенство за каратистите од К.К. „ЗАНШИН ДО „-Битола

На Државното првенство за деца за 10-11 год. и 12-13 год. во кати и борби кое се одржа на 27.04.2025год во Спортската сала „Архиепископ Доситеј„ во Кисела Вода  во Скопје , настапи К.К. „ЗАНШИН ДО „-Битола во 6 категории и се закити со бронзен медал и пласман за Балканско првенство кое ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни …

Continue Reading

Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар

Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа. Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Гвардиола: Кога ќе ми заврши договорот со Сити не знам дали ќе се пензионирам, но дефинитивно ќе направам пауза

Пеп Гвардиола за „ESPN“ изјави дека иако сè уште не знае дали ќе се пензионира кога ќе го напушти Манчестер Сити, „сигурен“ е дека ќе направи пауза од тренерската работа. Гвардиола (54) го предводи Сити девет години, што е најдолгиот тренерски стаж во неговата кариера, претходно ја водеше Барселона четири години и Баерн Минхен три години. Во ноември, тој потпиша …

Continue Reading

Черки сака во Ливерпул, менаџерот во преговори со Манчестер Јунајтед

Еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, Рајан Черки (21) ќе го напушти Лион во летниот преоден рок. Кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, прашање е само во кој клуб. Според англиските медиуми, Рајан Черки преферира трансфер во Ливерпул, додека неговиот менаџер води преговори со Манчестер Јунајтед. Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 182 натпревари за Лион. …

Continue Reading

Аморим: Не ја разбирам оваа еуфорија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по големиот триумф на неговиот тим (0:3) над Атлетик Билбао во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, се обува да ја смири еуфоријата што владее меѓу играчите и навивачите. Тој им рече на новинарите дека не смее да им дозволи на играчите да мислат дека веќе обезбедиле место во финалето бидејќи една …

Continue Reading

Англија ќе има шест претставници во Лигата на шампионите

Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Ла Лига, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА. Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите беше проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент. Минатата година, Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило, …

Continue Reading

(Видео) Брансон со тројка ги реши Детроит Пистонс

Кошаркарите на Њујорк Никс, трет пат во плеј-офот славеа во Детроит и со 4:2 ја добија серијата против Пистонс. Изминатата ноќ, благодарение на Џејлен Брансон, Никс победија со 116:113. Најдобриот кошаркар на Никс оваа сезона со тројка во финишот го реши победникот. . Никс обезбедија пласман во полуфиналето на конференцијата, каде што нивен ривал ќе биде тимот на Бостон, кој …

Continue Reading