Дортмунд се провлече во Лигата на шампионите, Лајпциг остана без место во европските купови

Последното коло од Бундеслигата беше повеќе од возбудливо, а најголем победник на крајот е Борусија Дортмунд. „Милионерите“ и со помош на Ајнтрахт успеаја да го обезбедат четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Покрај Боруија, во елитата како германски преставници ќе играат шампионот Баерн, Баер Леверкузен и Ајнтрахт. Ајнтрахт направи пресврт во Фрајбург, во директен дуел за место во …

Continue Reading

Пјастри на пол-позицијата во Имола, катастрофални квалификации за Ферари

Лидерот во првенството на Формула 1, Оскар Пјастри ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања. Австралиецот во Имола до првото место на стартот дојде пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Џорџ Расел (Мерцедес). Оскар Пјастри до пол-позицијата дојде во последниот круг, кога го постави најбрзото време 1:14.670. Актуелниот шампион, Ферстапен квалификациите го заврши со 34 илјадоти …

Continue Reading

(Видео) Ужасен инцидент во Имола, Цунода леташе со болидот

Со срашен инцидент започнаа квалификациите за трката на Големата награда на Емилија Ромања. Јуки Цунода, возачот на Ред Бул Рејсинг, доживеа ужасен инцидент за време на првиот дел од квалификациите за Големата награда на Имола. Во првиот брз круг, Јуки излета во заштитната зона, во п еттата кривина, удри во заштитната бариера, а потоа неговиот болид се вртеше во воздухот. …

Continue Reading

Салах го кани Де Брујне да дојде во Ливерпул

Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас. Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата. Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“. Египќанецот …

Continue Reading

Ти Џеј Шортс е MВП втора година по ред

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс, беше прогласен за најкорисен играч (MВП) на француското првенство. Втора година по ред репрезентативецот на Македонија да доминира во Франција и ја добива престижната награда. . Шортс одигра 24 натпревари оваа сезона во француското првенство, постигнувајќи просек од 16,9 поени и осум асистенции, со 59,1 процент реализација од поле. Не треба да заборавиме дека …

Continue Reading

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Поранешниот шампион на Италија и освојувач на европски трофеј, Сампдорија, испадна во третата лига на италијанскиот фудбал. Во последното коло од Серија Б, Сампдорија одигра без гол против Јуве Стабија (0:0), но резултатите од другите натпревари не им одеа во прилог. Тоа значеше дека за прв пат во 79 години постоење, клубот од Џенова се пресели во Серија Ц. Навивачите …

Continue Reading

Еми Мартинез си оди од Астон Вила

Најдобриот голман во светот, според ФИФА, Емилијано Мартинез, емотивно го доживеа крајот на натпреварот против Тотенхем. Астон Вила во претпоследното коло го победи Тотенхем со 2:0 и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Дуелот од претпоследното коло беше последен за Вила оваа сеозна пред домашната публика. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“ кога беше …

Continue Reading

Менаџерот на Олмо негира дека преговара со Манчестер сити

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо се повеќе се поврзува во странските медиуми со трансфер од Барселона во Манчестер сити. Поранешниот играч на Динамо пристигна во Барселона минатата година за 55 милиони евра. Менаџерот на фудбалерот, Енди Бара за германски „Скај Спорт“, откри какви се плановите на неговиот клиент. „Во моментов не разговараме со ниту еден друг клуб освен со Барселона. Дани …

Continue Reading

Прво засилување за Чаби Алонсо, Хујсен се договори со Реал

Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана. Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година. Веќе беше познато …

Continue Reading