Лос Анџелес и Клуб Америка ќе играат плеј-ин за место на клупскиот Мундијал
Со одлука на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а потоа и со потврда од Арбитражниот суд за спорт, фудбалскиот клуб Леон беше исклучен од Светското клупско првенство бидејќи има иста сопственичка структура како Пачука. Откако Арбитражниот суд за спорт ја отфрли жалбата на Леон и ја потврди одлуката на ФИФА, беше одлучено Лос Анџелес и Клуб Америка да се натпреваруваат за …
Continue Reading
УЕФА жестоко ја казни Хрватска
Европската куќа на фудбалот строго го казни Хрватскиот фудбалски сојуз за инцидентите предизвикани од неговите навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Франција. Во март, Хрватите го добија првиот натпревар со 2:0, но загубија во реваншот со ист резултат, а по изведувањето пенали во Париз беа елиминирани од понатамошното натпреварување. Според извештаите на УЕФА, хрватските навивачи извршиле расистички …
Continue Reading
Се подготвува блокбастер размена, Јанис за Шенгун
НБА би можела да добие неверојатна блокбастер размена во која ќе бидат вклучени Јанис Адеткумбо и Алперен Шенггун. Според новинарот на „Ен-Би-Си“, Хјустон Рокетс го сакаат Јанис Адетокумбо, кој наводно решил да ги напушти Милвоки Бакс. Јанис е незадоволен од тимот што го има околу себе и не гледа шанси да освои уште една титула со Бакс, па затоа е …
Continue Reading
(Видео) Шчесни запали пура, а Педри и тимот на велосипеди кај Торес
Барселона теоретски ја обезбеди титулата во Шпанија во четврток вечерта со победа на гости против Еспањол (0:2). Целиот натпревар беше засенет од настанот што се случи пред стадионот кога автомобил влета во група навивачи и повреди најмалку 13 лица. Оваа ситуација не беше повод за славење, а од Еспањол не беа расположени да им дозволат на ривалите барем кратка прослава …
Continue Reading
Реал мора да плати доколку сака Трент да игра на клупското СП
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и официјално ќе стане играч на Реал Мадрид. Тоа ќе се случи на 1. јули, кога официјално истекува неговиот договор со Ливерпул. Реал Мадрид сака Арнолд порано да го облече белиот дрес и да игра за нив на Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни. Со …
Continue Reading
Гатузо и Хајдук спогодбено ќе се разделат
Џенаро Гатузо ќе го предводи Хајдук за последен пат на натпреварот во Пољуд во недела. Дербито против Риека ќе биде негово збогување со сплитската публика, а натпреварот од последното коло, кој Хајдук ќе го игра во Шибеник, ќе биде негово збогување со клупата на сплитскиот тим. Италијанскиот стручњак има договор за уште една година, но нема да го доврши и …
Continue Reading
Закана во Севилја. – Обесена кукла со порака „Јуниор, ова е твојот крај“
Кукла, со кеса на главата и шал на фудбалскиот клуб Севилја е снимена како виси од мост во градот. На мостот е истакнат и транспарент на кој пишуваше: „Јуниор, ова е твојот крај“. Шпанските медиуми го толкуваат овој потег како закана за претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо, Караско. Севилја ја информираше полицијата за сè, а истрагата е во …
Continue Reading
Ова се кандидатите за најдобар играч и менаџер на сезоната во Премиер лигата
Објавени се финалистите за наградата за најдобар играч и тренер на сезоната во Премиер лигата. Најмногу кандидати има новиот шампион Ливерпул. Меѓу финалистите за наградата за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2024/25, нема играчи од минатогодишниот шампион Манчестер Сити. Фудбалерите на Ливерпул кои се финалисти за оваа награда се Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберг. Седмопласираниот …
Continue Reading
Тотенхем без петмина во финалето на Лига Европа
Тотенхем ќе биде значително ослабен во финалето на Лига Европа следната среда против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот на тимот, Ангелос Постекоглу. Австралиецот на прес-конференција објави дека повредените Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин нема да конкурираат за натпреварот против „црвените ѓаволи“ во Билбао на 21 мај. Финалето на Лига Европа е натпревар на годината за …
Continue Reading