Седлоски: Во иднина кој заслужува, тој ќе го носи националниот дрес

Македонија со пораз стартуваше во Б дивизијата во Лигата на нации. Во Скопје, македонските фудбалери загубија од Швајцарија со 0:3. Победата на Швајцарците, четвртфиналисти од последното СП е апсолутно заслужена, доминираа на теренот од првата до последната секунда. Македонија уште еднаш разочара под водство на селекторот Гоце Седлоски. Во неговиот мандат репрезентацијата се уште нема постигнато гол, а веќе одигра …

Continue Reading

(Видео) Шпанците го добија трилерот против Англија на Вембли

Дуелот на златната и бронзената репрезентација од последното Светско првенство, Шпанија и Англија, одигран во Лондон заврши со триумф на светскиот првак 3:2. Шпанија ја продолжи неверојатната серија под селекторот Де ла Фуенте, нема пораз на последните 40 натпревари. Мечот на „Вембли“ беше навистина спектакуларен, донесе два пресврти, промашен пенал и пет гола. Натпреварот започна лошо за домаќините. Веќе во …

Continue Reading

(Видео) Лесна победа на Швајцарија во Скопје

Македонија доживеа пораз во првиот натпревар, во Лигата на нации. Во Групата 1, во Б дивизијата, Македонија загуби од Швајцарија 0:3. Блескаше Зеки Амдуни со два гола и аситенција. Со овој пораз продолжи лошата серија во која се наоѓа Македонија под водство на селекторот Гоце Седлоски. Швајцарија во Скопје демонстрираше сила, покажа дека е најквалитетна репрезентација во Групата 1, во …

Continue Reading

Џорџ Расел ја освои Големата награда на Азербејџан

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Британецот триумфално го заврши викендот во Баку, во кој доминираше од првиот тренинг. Расел ја забележа осмата победа во кариерата, а прв пат во кариерата до неа дојде таканаречениот Гренд слем, стартуваше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката. …

Continue Reading

Родри му верува на Сити и по пресудата

Родри (30), до неодамна ѕвезда на Манчестер Сити, е првиот играч кој јавно коментираше за пресудата со која клубот беше прогласен за виновен, за кршење на 114 финансиски правила на Премиер лигата. Истрагата го опфаќа работењето на клубот во периодот од 2009 до 2018 година. Иако шпанскиот играч од средниот ред се приклучи на тимот во 2019 година и играше …

Continue Reading

Зидан: Повредата на Мбапе не изгледа добро

Килијан Мбапе ѝ донесе победа на Франција на тешкото гостување во Турција во Лигата на нациите, на дебито на Зинедин Зидан на клупата, но овој натпревар, напаѓачот нема да го паменти по добро. Неколку минути откако го постигна голот за победа во 54-та минута, асот на Реал Мадрид го напушти теренот. Повредата се случи во моментот кога шутираше кон голот. …

Continue Reading

(Видео) Хаос во Будимпешта

Украина однесе три важни бода од Будимпешта, но крајот на натпреварот против Унгарија беше засенет од голем инцидент на теренот. Сè се случи во судиското надополнување на времето, кога Александар Назаренко доби втор жолт картон за груб прекршок и мораше порано да оди во соблекувалната. Неговото исклучување беше причина за неколкуминутна целосна нервоза меѓу фудбалерите на двете репрезентации. Најпрвин имаше …

Continue Reading

Нов договор и неверојатен рекорд за Стеф Кари

Стеф Кари не оди никаде. Тој го продолжи договорот со Голден Стејт, единствената франшиза за која играл досега во неговата долга НБА кариера. Новиот договор што го потпиша најдобриот шутер во историјата на НБА, трае две години, а за сезоната 2028/29 постои клаузула каде што играчот ќе избере дали сака да продолжи. Договорот е вреден 116 милиони долари, што значи …

Continue Reading

Клубовите од Премиер лигата подготвуваат тужби против Манчестер Сити

Клубовите од англиската Премиер лига подготвуваат судска постапка против Манчестер Сити откако независна комисија го прогласи клубот за виновен по речиси сите точки од обвинението за кршење на финансиските правила. Како што дознава „Атлетик“, разговорите за судска постапка сега се интензивираат. Неколку клубови претходно ангажираа адвокати за да ги испитаат основите за обештетување, а некои од нив веќе преговараат едни …

Continue Reading