(Видео) Лесна победа на Швајцарија во Скопје


825278621_2250790032410371_5536238463876518874_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија доживеа пораз во првиот натпревар, во Лигата на нации. Во Групата 1, во Б дивизијата, Македонија загуби од Швајцарија 0:3. Блескаше Зеки Амдуни со два гола и аситенција. Со овој пораз продолжи лошата серија во која се наоѓа Македонија под водство на селекторот Гоце Седлоски.


Швајцарија во Скопје демонстрираше сила, покажа дека е најквалитетна репрезентација во Групата 1, во која претходно Словенија и Шкотска одиграа 0:0.

Четвртфиналистот од последното Светско првенство, од првата до последната секунда го контролираше натпреварот, не дозволувајќи им на македонските фудбалери ниту еднаш да се заканат кон голот на Кобел.

Репрезентативците на Македонија не упатија ниту еден удар во рамките на швајцарскиот гол. На спротивната страна Димитриевски имаше неколку извонредни одбрани и спречи тежок пораз.

За Македонија на овој меч дебитираше Матеј Гаштаров. Играчот на Црвена звезда го одигра целиот натпревар, покажа дека на неговата позиција националниот тим доби долгорочно решение.

Инаку серијата голови ја отвори искусниот Ремо Фролјер во 22-та минута, а во финишот на првиот дел Амдуни го постигна вториот гол. Истиот играч во 74-та минута го постави конечниот резултат.

Foto/ facebook.com/ffm.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK