(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите. Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако. Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите. За ова беше казнет …

Continue Reading

(Видео) Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг

Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП. Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот. Се известува дека Мартин …

Continue Reading

Трансферот на Дуран најскап во преодниот рок , Сити потроши најмногу, Порто најмногу заработи

Заврши зимскиот преоден рок во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направи Ал Наср од Саудиска Арабија, ајмногу потроши Манчестер сити, а најмногу заработи Порто. Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ ја објави листата на Топ 30 најскапи трансфери оваа зима. Најголемиот трансфер го направи Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија, кој долго време е дом на светските ѕвезди Кристијано …

Continue Reading

(Видео) Танго Аргентино на „Метрополитано“ – Атлетикого декласира Хетафе

Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Кралски куп по убедливата победа над Хетафе. Натпреварот на стадионот „Метрополитано“ во шпанската престолнина заврши со резултат 5:0 (3:0). Прашањето околу конечниот победник „јорганџиите“ го решија во првото полувреме кога дојдоа до недостижни три гола предност. Блескаше синот на тренерот Диего Симеоне, 22-годишниот Џулијано. Најмладиот син Чоло ги постигна првите два гола во …

Continue Reading

(Видео) Болоња ја изненади Аталанта во Бергамо и се пласира во полуфиналето

Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо. Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона. Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута …

Continue Reading

Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април

Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас. Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати …

Continue Reading

Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година

Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување. Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата …

Continue Reading

Партизан заинтересиран за Лука Станковски

По Бојан Димовски, фудбалскиот клуб Партизан покажа интерес за уште еден македонски фудбалер, Лука Станковски (22) играч на Раднички од Крагуевац. Лука Станковски во Раднички дојде на позајмица од Газијантеп. Во меѓувреме стана важен играч во тимот на Феѓа Дудуиќ, на 13 натпревари постига три гола, поради што клубот за 30.000 евра го откупи неговиот договор од турскиот клуб. „Моцартспорт“, …

Continue Reading

Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ

Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер. Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на …

Continue Reading