Салиба нема да го напушти Лондон

Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека би сакал да остане на „Емирејтс“ и следната сезона. Арсенал успеа да го продолжи договорот со партнерот на Салиба, Габриел Магаљаеш, кој и понатаму ќе биде во тимот предводен од Микаел Артета од клупата. Салиба по победата на Арсенал над Њукасл како дел од подготвителниот натпревар пред новата сезона рече. „Да, се надевам. …

Continue Reading

Гвардиола: После Сити, правам пауза, можеби 15 години!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објави дека, по престојот во „Етихад“ Сити, ќе направи пауза од фудбалот, потенцијално и до 15 години. „Знам дека кога ќе ја завршам оваа фаза со Сити, ќе престанам, тоа е сигурно. Одлуката е донесена“, изјави Гвардиола за GQ Spain. Договорот на Гвардиола со Сити истекува во 2027 година, и иако тој не кажа …

Continue Reading

Чаби Алонсо не го сака Асенсио, тој нема намера да го напушти Реал

Чаби Алонсо беше исклучително авторитативен во своите барања откако го презеде Реал Мадрид ова лето. Алонсо побара сериозни инвестиции од клубот во одбраната, што резултираше со доаѓањето на Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас. Според извештаите, клубот сè уште е на пазарот, се бара уште еден дефанзивец, со оглед на повредите и променливата форма на искусните играчи како Давид …

Continue Reading

Откриено е зошто Тадиќ не се пресели во Атлетико Мадрид

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент. Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат. Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното. Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде …

Continue Reading

Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот. „Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се …

Continue Reading

Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок. „Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот. Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан. Пелегрини е дете на Рома. Тој е во …

Continue Reading

Дијаз во Баерн за пет пати поголема плата

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови. Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси. Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од …

Continue Reading

Гвардиола: Барселона? Таа приказна е завршена

Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа. Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити. Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“. „Таа приказна е …

Continue Reading

Виса започна штрајк, бара Бренфорд да ја прифати понудата од Њукасл

Фудбалерот на Брентфорд, Јоан Виса, е незадоволен бидејќи клубот одбива да го продаде на Њукасл, објави дека нема да тренира ниту да игра додека не се заврши трансферот. Брентфорд е решен да го задржи Виса, додека Тотенхем, Нотингем Форест и Њукасл покажаа интерес за напаѓачот. Њукасл е во незавидна ситуација, откако Александар Исак побара трансфер. „Страчките“ се во потрага по …

Continue Reading