(Видео) Шкендија ќе игра против Копенхаген ако го мине ФЦСБ, ако испадне ја чека Дрита

Фудбалерите на Копенхаген успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Данците во наредната рунда ќе играат против Шкендија или ФЦСБ. Шампионот на Данска беше подобар од екипата на Дрита и во вториот натпревар, во Приштина победи со 1:0. Првиот меч во Копенхаген заврши со триумф на Копенхаген 2:0. Единствениот стрелец беше искусниот Андреас Корнелиус, …

Continue Reading

(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Фото/ б92 Црвена звезда избори пласман во третото коло, во Лигата на шампионите. Очекувано српскиот шампион по победата 1:0, во Гибралтар на Линколн, славеше и во реваншот со 5:1. Натпреварот во Белград имаше жестока увертира. Еден час пред почетокот навивачите на Црвена звезда, пред северната трибина се судрија со полициските сили. „Крвави луѓе има насекаде. Пукаат топовски удари“, обајви „Спорт …

Continue Reading

Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери. Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“. Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце

Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце. Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант …

Continue Reading

Хау: Сакам Исак да биде во Њукасл и следната сезона

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сака шведскиот репрезентативец Александар Исак (25) да остане во англискиот клуб, објави денес „Скај Спортс“. Британските медиуми објавија дека Исак не отпатувал со тимот на Њукасл, кој е на предсезонска турнеја во Азија. Исак неодамна го информираше клубот дека сака да „истражи други опции“ за време на летниот преоден рок. Ливерпул покажа интерес …

Continue Reading

Бразилски репрезентативец ја засили Рома

Бразилскиот репрезентативец и поранешен член на Фламенго, Винисиус Франко Лима, познат како Весли, стана нов играч на Рома. Италијанскиот клуб му плати 25 милиони евра на Фламенго, со можност за бонуси што би можеле да им донесат на Бразилците уште пет милиони евра. Весли му помогна на Фламенго да го освои Копа Либертадорес во 2022 година и беше дел од …

Continue Reading

Сандро Тонали пред сензационален трансфер во Серија А

Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми. Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра. Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија. Како што …

Continue Reading

„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“. Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба. Долго време за Ендој интерес покажуваше …

Continue Reading

Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб. На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се …

Continue Reading