Обвинителството бара две и пол години затвор за Раул Асенсио

Јавниот обвинител во Шпанија бара две и пол години затвор за играчот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради споделување видео од неговите поранешни соиграчи како имаат секс со две девојки. Тројца поранешни соиграчи на фудбалерот на Реал од младинскиот тим имале сексуални односи со две девојки на Канарските Острови. Девојките се согласиле на тоа, но некој од нив направил видео …

Continue Reading

Милнер ќе го носи дресот со број 20 во спомен на Жота

Искусниот англиски фудбалер Џејмс Милнер ќе го носи дресот со број 20 за Брајтон во текот на претстојната сезона во Премиер лигата, во чест на неговиот покоен поранешен соиграч од Ливерпул, Диого Жота, објави „Скај Спортс“. Португалскиот напаѓач Жота трагично загина минатиот месец во сообраќајна несреќа во која загина и неговиот брат Андре Силва. Имаше 28 години. Само неколку недели …

Continue Reading

Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“

Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј. Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба. Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство. Зад себе има брилијантна сезона и …

Continue Reading

Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда

Американскиот кошаркар Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда од Белград, објави белградскиот клуб. Како што беше најавено, Греем (30) потпиша едногодишен договор со Црвена Ѕвезда. „КК Црвена Ѕвезда од Белград ја информира јавноста дека новиот играч на нашиот клуб е Девонте Греем. Американскиот комбиниран бек потпиша договор со нашиот клуб во петокот и ќе претставува огромен поттик за …

Continue Reading

Ѓоковиќ станува ко-сопственик на фудбалски клуб

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставници на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери. Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса. …

Continue Reading

Интер на Меси му нуди договор „да игра до кога сака“

Фудбалскиот клуб Интер Мајами е во преговори со Лионел Меси за продолжување на договорот. Доколку не се случат непредвидени настани, Аргентинецот ќе остане во Мајами. Се зборуваше за негово можно заминување со цел подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД, а би било лош публицитет за Американците ако …

Continue Reading

Њукасл јунајтед одбил вистинско богатство за Исак

По неколку недели шпекулирање, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на тимот, Исак. „Страчките“ ја одбиле понудата. „Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра и одредени бонуси, испратена до нив од Ливерпул“, објави новинарот на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн. Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач …

Continue Reading

На Донарума му понудиле 20 милиони евра по сезона

Џанлуиџи Донарума минатата сезона беше совладан 43 пати на 47 натпревари, при што на 17 натпревари не прими гол. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и Купот на Франција. И покрај споменатите успеси, се зборува за можна разделба на ПСЖ и италијанскиот репрезентативен голман. Проблем за „светците“ е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и …

Continue Reading

Бриџис за 150 милиони ќе остане во Њујорк

Микал Бриџис се договори со челниците на Њујорк Никс за продолжување на соработката. Бриџис ќе го носи дресот на тимот од „Големото Јаболко“ во следните четири години, а за тоа ќе добие 150 милиони долари. Според договорот, клубот нема право да го продаде во првите шест месеци. Бриџис е една од најважните алки во обидот да се изгради тим способен …

Continue Reading