Клоп: Вирц ќе покаже дека е неверојатен талент
Ливерпул не игра добро оваа сезона без оглед на инвестицијата од 500 милиони евра во засилувања. „Црвените“ се во серија од четири порази, што им се случува прв пат по ноември 2014 година. По поразот од Манчестер Јунајтед (1:2) на „Енфилд“, менаџерот Арне Слот ја презеде вината врз себе, но Флоријан Вирц трпи најмногу критики од медиумите. Германскиот ас платен …
Continue Reading
Најдобриот во светот се врати во тимот на ПСЖ
Усман Дембеле од Пари Сен Жермен се врати во тимот по неколку недели отсуство поради повреда на бутниот мускул и ќе биде достапен за натпреварот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Дембеле се повреди во септември, кога беше со француската репрезентација, а за време на паузата престојуваше во специјализирана клиника во Доха (Катар), каде што беше подложен на терапија. …
Continue Reading
Карагер: Време е Салах да седне на клупата за резерви
Алармот е силно вклучен во црвениот дел на Ливерпул. Актуелниот шампион минува низ криза, во каква што не бил од ноември 2013 година. Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази, три од нив се во Премиер лигата (Кристал Палас, Челзи, Манчестер јунајтед). Ливерпул, вчера доживеа пораз на домашен терен од Манчестер јунајтед (1:2). Тимот кој минатата сезона супериорно ја …
Continue Reading
Потер официјално е селектор на Шведска
Англискиот тренер Греам Потер (50), кој неодамна беше отпуштен од Вест Хем, експресно најде работа. Потер е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шведска. Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати. …
Continue Reading
(Видео) „Затоа сите те мразат“
Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони. Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание. Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе. Во …
Continue Reading
Два нови светски рекорди поставени на Светскиот куп во САД
Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно. Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од …
Continue Reading
Барселона во „Ел Класико“ посилна за напаѓачкиот тандем
Фудбалерите на Барселона гостуваат кај Реал Мадрид следниот викенд, а Ханси Флик и за овој меч се соочува со персонални проблеми. Барселона беше десеткувана против Џирона во саботата, и се очекува дека само Рафиња и Феран Торес ќе бидат во составот до „Ел Класико“. Тие се во последната фаза од закрепнувањето, Флик веројатно нема да ризикува со нив против Олимпијакос …
Continue Reading
Јувентус најде замена за Тудор?
Позицијата на Игор Тудор на клупата е сериозно загрозена по лошиот почеток на сезоната и вчерашниот пораз од Комо. Како што пишува „Калчомеркато“, клубот веќе размислува за можен наследник доколку има промена на клупата. Изненадувачки, најверојатен кандидат е Рафаеле Паладино, поранешен играч на Јувентус кој добро ги познава приликите во клубот. Наводно, синоќа во Милано се одржала вечера помеѓу тренерот …
Continue Reading
„Епл“ ќе ја пренесува „Формула 1“ ексклузивно во САД со договор вреден 750 милиони долари
Американската компанија „Епл“ потпиша историски петгодишен договор вреден околу 750 милиони долари за ексклузивно пренесување на Формула 1 во САД. Од сезоната 2026, „Епл ТВ“ ќе биде единствената платформа за следење на сите трки, квалификации и тренинзи. Според „Хајпбист“, овој потег следи по огромниот успех на филмот „F1: The Movie“, најпрофитабилниот спортски филм во историјата. Содржината на Формула 1, вклучувајќи …
Continue Reading