Алаба го напушта Реал
Австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави клубот во петокот. 32-годишникот ги помина последните пет сезони, во дресот на Реал, но не може да се каже дека ги оправда очекувањата. Само 129 натпревари, пет гола и девет асистенции со неколку повреди кои беа главен иницијатор на ставот дека неговиот период во Мадрид не …
Continue Reading
Каиседо уште седум години во Челзи
Фудбалерот на Челзи, Мозес Каиседо, дефанзивен играч од средниот ред, кој уште во Брајтон докажа дека е еден од најдобрите на својата позиција во најсилната лига во светот, ќе го продолжи договорот со Челзи. Актуелниот договор му истекува дури во 2031 година, но благодарение на неговата посветеност, тој заработи нов договор и зголемување на платата. Пред две години кога од …
Continue Reading
Вембањама ја доби наградата „Меџик Џонсон“
Виктор Вембањама е добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2025/26, која се доделува на НБА играчот кој најдобро комбинира извонредност на теренот со подготвеност за соработка и харизма во односите со медиумите и навивачите, објави Здружението на професионални кошаркарски новинари (PBWA). Вембањама оваа сезона имаше просек од 25 поени, 11,5 скока, 3,1 асистенции и 3,1 блокади по натпревар и …
Continue Reading
Зидан експресно одбил да се врати во Реал
Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј. Јасно е дека цехот ќе го плати тренерот, во овој случај, тоа е Алваро Арбелоа. Реал испадна од шпанскиот Куп, во средата не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите, а извесно е дека во финишот на сезоната не може да ја достигне предноста од девет бода колку …
Continue Reading
Мбапе во Лигата на шампионите – 10 сезони без трофеј
Десеттиот обид на Килијан Мбапе да ја додаде Лигата на шампионите во својата богата колекција трофеи заврши со неуспех во Минхен. Исто како и минатата сезона, неговата прва во дресот на Реал Мадрид, патот кон трофејот заврши во четвртфиналето. Кога француската ѕвезда одлучи да го напушти Париз, својот град и својата земја, освојувањето на Лигата на шампионите беше една од …
Continue Reading
Нов конфликт меѓу Барселона и УЕФА
Барселона поднесе втора официјална жалба до УЕФА во врска со судењето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кое беа елиминирани од Атлетико Мадрид. Во клубот сметаат дека се оштетени од серијата судиски одлуки во двата натпревари од дуелот, кој заврши со вкупен резултат од 3:2 за мадридскиот тим. Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела, Барселона, …
Continue Reading
Меси купи клуб од Барселона
Лионел Меси донесе одлука и го купи шпанскиот третолигаш Корнеља. Овој клуб се наоѓа во Каталонија, поточно во делот каде што игра Еспањол, но е познат по својата голема школа, каде што, на пример, играле Џорди Алба, Давид Раја, Жерар Мартин… Идејата за оваа инвестиција е јасна – дополнително да се развие клубот и да се подигне на повисоко ниво, …
Continue Reading
(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо
Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо Ваљекано и Кристал Палас. Фудбалерите на Стразбур, со брилијантна игра ја надоместија негативата од два гола од Германија. Французите во реваншот го победија Мајнц со 4:0. Домашниот тим ја анулира таа негатива веќе во првото полувреме. Поведе со голот на …
Continue Reading
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест
По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи против Селта и се пласираше во полуфиналето, а на германскиот тим потоа му се придружија два англиски тима, Астон Вила и Нотингем Форест, односно португалскиот тим Брага. Астон Вила повторно беше подобра од Болоња. Во Боримнгем убедливо славеше со 4:0 …
Continue Reading