По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти.
Во првиот термин, Фрајбург повторно победи против Селта и се пласираше во полуфиналето, а на германскиот тим потоа му се придружија два англиски тима, Астон Вила и Нотингем Форест, односно португалскиот тим Брага.
Астон Вила повторно беше подобра од Болоња. Во Боримнгем убедливо славеше со 4:0 и со вкупни 7:1 избори место во полуфиналето.
Оли Воткинс ја најави убедливата победа по шест минути игра. Потоа Роџерс промаши пенал, а неколку минути подоцна Буендија зголеми на 2:0. Серијата голови до полувремето во 39-та минута ја затвори Роџерс. До крајот, во 89-та минута, гол постигна и Конса.
Астон Вила, во полуфиналето ќе игра против ривалот од Премиер лигата, Нотингем Форест.
„Шумарите“, во реваншот со 1:0 го победија Порто. На домашните работата им беше олеснета кога, поради ужасе старт, во осмата минута, Беднарек беше исклучен.
Англискиот тим ја искористи предноста и поведе само четири минути подоцна, Нико Вилијамс асистираше за голот на Гибс Вајт.
Бетис извлече добар резултат против Брага (1:1) на гостински терен, а во реваншот во Севилја, го отворија натпреварот брилијантно, се чинеше дека брзо ги решија сите дилеми.
Шпанскиот тим со головите на Антони во 13-та минута и Езалзули во 26-та минута имаше голема предност.
Португалците се вратија во натпреварот со гол во 38-та минута. Не застанаа тука, Витор Карваљо израмни на „Картуха“, но и во вкупниот резултат.
Тоа им даде крилја на гостите, кои успеаја да го свртат резултатот, веќе во 53-та минута до гол од пенал, преку Орта. Последниот удар на Бетис му го зададе Горби во 74-та минута.
Foto/ EPA