Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција. Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините. Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш …

Continue Reading

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа. Се очекуваше шпанскиот тим да ја одбрани својата чест по рутинскиот пораз во Германија, но и во овој натпревар играше само еден тим. Селта беше поагресивна на почетокот, сакаше да постигне брз гол, но тоа беше …

Continue Reading

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од ко-домаќините

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година. Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

„Дојдов како играч, си заминувам како доживотен навивач на Сити“

Веќе некое време е познато дека Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Силва официјално го објави своето заминување во четврток, а се огласи и Манчестер Сити. „Граѓани, Кога дојдов пред девет години, следејќи го сонот на едно мало момче, сакав да постигнам успех во животот, да постигнам големи работи. Овој клуб и овој град ми …

Continue Reading

Ливерпул потврди, Екитике ќе отсуствува до јануари 2027 година

Ден по натпреварот помеѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен, беше објавено дека Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога. Ливерпул, оваа информација на медиумите ја потврди во четврток. Ливерпул не објави ништо додека не беа извршени сите потребни проверки, но веста не е ништо подобра од онаа што во средата ја пласираа медиумите. Уго Екитике има скината Ахилова …

Continue Reading

Меси има нов тренер

Интер од Мајами, актуелниот шампион на американската професионална фудбалска лига МЛС, го назначи 62-годишниот Гилермо Хојос, долгогодишен пријател на најголемата ѕвезда на клубот и за многумина најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси, за нов тренер. Хојос досега беше спортски директор на клубот, а на тренерската позиција го замени Хавиер Маскерано, кој го напушти клубот во вторник од лични причини. …

Continue Reading

Првиот човек на УЕФА, Чеферин во официјална посета на ФФМ

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар …

Continue Reading

Полуфиналистите од Лигата на шампионите до врв ги наполнија клупските каси

По синоќешните реванши од четвртфиналето, познати се сите полуфиналисти од Лигата на шампионите. ПСЖ, Баерн, Атлетико Мадрид и Арсенал ќе се борат за титулата европски шампион. Првите натпревари од полуфиналето се закажани за 28 и 29 април, додека реваншите се играат една недела подоцна. Во првата средба, ПСЖ ќе го пречека Баерн, а Атлетико ќе биде домаќин на Арсенал. Со …

Continue Reading

„Играчите на Реал стално се жалат, тоа кажува како успеаја да освојат 15 титули во ЛШ“

Легендарниот голман на Баерн Минхен и германската репрезентација, Оливер Кан, го критикуваше Реал Мадрид по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците го победија Реал со 4:3 на „Алијанц Арена“ и со вкупен резултат од 6:4 поминаа меѓу четирите најдобри тима во Европа. Ден, по реваншот во Минхен, најмногу се зборува за реакцијата на играчите на Реал и обвинувањата …

Continue Reading