(Видео) БиХ освои бод против Канада

Ко-домаќинот на СП, Канада и Босна и Херцеговина, одиграа 1:1 (0:1), во првиот натпревар, во Б групата. Канада го освои првиот мундијалски бод во историјата, бидејќи во претходните два настапи, во 1986 и 2022 година, ги забележа сите шест порази. БиХ слави бод во Торонто, кој може да им ја отвори вратата кон нокаут фазата. Екипата на Сергеј Барбарез успеаја …

Continue Reading

Дубаи ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа до титулата во АБА лигата. Oва е прв трофеј за овој клуб, додека Партизан прв пат по 2021 година заврши сезона без освоена титула. Четвртиот меч понуди неизвесност до последната секунда. На Партизан му пресуди поранепниот играч, Алекса Аврамовиќ, со …

Continue Reading

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Назначувањето е направено со интервенција на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој пред неколку дена обезбеди нов мандат до 2030 година. Почесното членство е највисоката форма на поддршка за Реал Мадрид, тврди клубот. „На овој начин, Реал Мадрид го изразува своето восхитување и …

Continue Reading

Инфантино со ефтина шега предизвика бес во Италија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде на мета на јавни критики, овој пат во Италија. На „чизмата“, неговата шега за неуспехот на таа репрезентација да се квалификува за Светското првенство предизвика остри реакции од политичарите и спортските работници. За време на разговорот со „CazéTV“, Инфантино зборуваше за можноста за дополнително проширување на Светското првенство, кое ќе брои 48 …

Continue Reading

Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас Парти не му беше дозволено да влезе во Канада поради судска постапка што се води против него во Велика Британија. Поранешниот фудбалер на Арсенал во јули 2025 година подби пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Парти …

Continue Reading

Олга рече „да“: Јан Облак ѝ предложи брак на српската тенисерка

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, ѝ предложи брак на Олга Даниловиќ, сподели српската тенисерка на социјалните мрежи. Поранешната 32-ра тенисерка на планетата објави фотографии со Словенка на својот Инстаграм профил на кои се гледа прстен, што предизвика бројни честитки. Овој познат спортски пар е заедно од пролетта 2023 година, што значи дека на чуварката на мрежата „изработувач на јорганчиња“ …

Continue Reading

Шпански репрезентативец ќе го засили Њукасл

Виктор Муњоз ќе биде првото засилување за Њукасл во летниот преоден рок. Бројни сигурни извори објавија дека Њукасл понудил 35.000.000 евра фиксно + 5.000.000 преку бонуси и дека Осасуна е подготвена да гја прифати понудата. Познато е дека Реал Мадрид има 50% од неговиот договор, па ќе земат половина од овие пари, но тоа е одлична зделка за сите три …

Continue Reading

(Видео) Јужна Кореја по пресврт ја победи Чешка

Јужна Кореја оствари голем триумф против Чешка, што ја доближи азиската репрезентација значително до нокаут фазата на Светското првенство по првото коло од Групата А. Херој на триумфот беше поранешниот играч на Црвена звезда, Хванг, со гол и асистенција. Првото полувреме беше прилично лошо. Статистички, Кореја го диктираше ритамот, имаше повеќе обиди, но далеку од тоа сериозно да го загрози …

Continue Reading

Македонски карате херој во Бразилија – Вукашин Јовановиќ светски шампион

Македонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Патот до златото …

Continue Reading