ГРК Охрид и во реваншот го победи Олимпијакос

ГРК Охрид и втор пат го совлада Олимпијакос и се пласираше во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Во реваншот, Охрид го победи грчкиот тим со 25:24. Охриѓани имаа контрола во текот на целиот натпревар и не дозволија изненадување, со постојано водство и сигурна игра пред домашната публика. До победата, Охрид го предводеше Анте Иванковиќ со осум гола, додека голманот Кристијан …

Continue Reading

(Видео) Халанд го декласира Ливерпул

Манчестер Сити го декласираше Ливерпул со 4:0 на „Етихад“ и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Натпреварот го одбележа фантастичниот Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик, додека трагичар на натпреварот беше Мохамед Салах, кој, меѓу другото, промаши пенал. Тоа беше еднонасочна игра во која Ливерпул претрпе еден од најтешките порази во сезоната, пишува „Скај Спортс“. Откако Халанд ја најави …

Continue Reading

(Видео) Реал шокиран на Балеарските острови – Муричи му пресуди на „кралот“

Фудбалерите на Мајорка направија големо изненадување и го победија Реал Мадрид во натпреварот од 30-то коло на шпанската Ла Лига. Натпреварот на стадионот Мајорка на Балеарските Острови заврши со резултат 2:1 (1:0). Мајорка поведе против „кралскиот клуб“ во 41-та минута, а гол постигна Морланес. Долго време тој резултат беше на сила, се чинеше дека домаќинот ќе победи, но во 88-та …

Continue Reading

Собослај нема намера да го напушта Ливерпул

Најдобриот фудбалер на Ливерпул оваа сезона, Доминик Собослај, стави крај на шпекулациите околу потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид. Кратко и јасно, Собослај нема намера да го напушти Ливерпул. „Обожавам да бидам тука. Моето семејство е среќно, го сакам клубот, ги сакам навивачите, сакам да играм за Ливерпул и тоа е тоа“, рече Собослај. Во време кога шпекулациите за трансфери стануваат …

Continue Reading

Родригез со денови е во болница

Капитенот на репрезентацијата на Колумбија, Џејмс Родригез (34), е во болница од натпреварот со Франција поради тешка дехидратација. Фудбалската асоцијација на Колумбија објави дека Родригез успешно се опоравува откако беше хоспитализиран во Минесота пред неколку дена, каде што игра за Јунајтед. Според Колумбијците, Родригез е под лекарски надзор во последните 72 часа, бидејќи денот по натпреварот со Франција доживеал состојба …

Continue Reading

Трагедија во Перу пред големото дерби

Едно лице загина, а 47 се повредени, додека навивачи се собирале на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанс Лима, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот за време на собир на навивачи познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанс Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како …

Continue Reading

„Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ“

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими призна дека периодот поминат во соблекувалната со Лионел Меси во Пари Сен Жермен не му останал во добро сеќавање. Тој истакна дека не му се допаѓал начинот на кој клубот се однесувал кон Меси, бидејќи неговото доаѓање во голема мера го променило концептот на тимот. Со доаѓањето на Меси, целиот проект на Пари Сен Жермен се …

Continue Reading

(Видео) Историски подвиг на тинејџерот Купер Флег

Купер Флег одигра спектакуларен меч, во поразот на неговите Далас Маверикс од Орландо Меџик (127:138). Флег, кој беше ѕвезда на колеџ кошарката во Дјук, што го наведе Далас да го избере како прв избор на драфтот минатото лето, влезе во аналите на кошарката како единствен кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 50 или повеќе поени, а имал помалку од …

Continue Reading

Дончиќ го заврши регуларниот дел од сезоната

Голем проблем за Лос Анџелес Лејкерс на крајот од регуларниот дел од НБА сезоната – Лука Дончиќ нема да биде достапен за својот тим до почетокот на плејофот поради повреда на грбот. Клубот од Калифорнија потврди дека станува збор за истегнување од втор степен на левата нога, кое бара подолго закрепнување. Повредата се случила за време на убедливиот пораз од …

Continue Reading