Мбапе: Мислеа дека ќе излеземе во одела – знаеме како да играме валкан фудбал
Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута. Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на …
Continue Reading
(Видео) Парагвај скапо ја продаде кожата – Франција со гол од пенал се пласира во четвртфиналето
Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0). Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди. И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот …
Continue Reading
(Видео) Унахи го однесе Мароко во четвртфиналето на СП
Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај. Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада. Меч винер беше …
Continue Reading
Анчелоти: Само Алекс Фергусон може да ми даде совети
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одговори на критиките што ги добива од почетокот на Светското првенство, велејќи дека има само еден човек за кого верува дека е покомпетентен од него кога станува збор за фудбал. Бразил се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство со победа од 2:1 над Јапонија, а триумфот донекаде ги замолчи критиките што го следеа искусниот италијански …
Continue Reading
Антонели пред возачите на Ферари ја освои пол позицијата во Силверстон
Лидерот во генералниот пласман, возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. 19-годишниот Италијанец, претходно во текот на денот победи во спринт трката, до петатта пол позиција сезонава, дојде пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Кими Антонели, стигна до пол-позицијата со време од 1:28.111 минути, 175 илјадити …
Continue Reading
Швјонтек и Рибакина елиминирани од Вимблдон
Бранителката на титулата, Ига Швјонтек и втората на ВТА листата, Елена Рибакина, сензационално се елиминирани од третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон. Шампионката од минатата година, трета на ВТА листата, Шјонтек загуби од Александра Ијала. Тенисерката од Филипините (32. на ВТА листата), победи во два сета (7:6, 6:2) по повеќе од два часа игра. Филипинската тенисерка доминираше во вториот сет, …
Continue Reading
Мартин Едегард се договорил со Галатасарај
Во екот на настаните на Светското првенство, во САД, Мексико и Канада, од Истанбул пристигна сензационална информација. Капитенот на Норвешка и Арсенал, Мартин Едегард ја прифатил понудата од шампионот на Турција, Галатасарај. Според информациите што доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч од средниот ред ги прифатил условите, а неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро трансферот …
Continue Reading
Клоп потврди дека е во преговори за селектор на Германија
Директорот за глобален фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, потврди дека преговара со Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ). Германија во моментов е без селектор, откако Јулијан Нагелсман беше отпуштен по елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето на Светското првенство. „Можам да потврдам дека преговараме. Работите се случија брзо. Јулијан си замина и ДФБ бара нов тренер. И да, тие преговараат …
Continue Reading
Франција без Чуамени во осминафиналето
Актуелниот вицешампион на Светското првенство, Франција, ќе биде без стандарниот играч од средниот ред Аурелијан Чуамени, во осминафиналната пресметка со Парагвај. Според француските медиуми, Чуамени, кој требаше да го одигра својот 50-ти натпревар за националниот, се повредил за време на тренингот. Се очекува францускиот селектор Дидие Дешан да го вклучи Ману Коне во почетниот состав наместо Чуамени. Добрата вест е …
Continue Reading