Во екот на настаните на Светското првенство, во САД, Мексико и Канада, од Истанбул пристигна сензационална информација. Капитенот на Норвешка и Арсенал, Мартин Едегард ја прифатил понудата од шампионот на Турција, Галатасарај.
Според информациите што доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч од средниот ред ги прифатил условите, а неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро трансферот ќе биде официјализран.
Арсенал и Галатасарај сега се во преговори за начинот на исплатата на трансферот. „Топџиите“ бараат 40 милиони евра и на маса се неколку идеи за структурата на плаќање на овој трансфер.
Турците се надеваат дека ќе го склучат договорот за нешто помалку од 40 милиони евра или дека Арсенал ќе се согласи трансферот да биде исплаќан на рати.
27-годишникот пристигна во Лондон во зимата 2021 година од Реал Мадрид. Беше откупен за 35 милиони евра шест месеци подоцна.
Дресот на Арсенал го носеше 234 пати. Има учинок од 42 гола и 46 асистенции.
Foto/ Depositphotos