Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај.
Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада.
Меч винер беше Унахи со головите во 50-та и 82-та минута. Првиот гол го постигна со удар од 17 метри по комбинацијата со Хакими, а вториот по молскавичниот контранапад и додавањето од Брахим Дијаз.
— OvoOno (@OvoOnoX) July 4, 2026
Конечниот резултат го постави Рахим во 98-та минута. Повторно Мароко реализираше контранапад, во ситуација кога сите канадски фудбалери ја загубија топката на центарот од теренот.
Победата на Мароко ја засени повредата на најдобриот играч Саибари. Новиот фудбалер на Баерн Минхен се повреди во првиот дел и веднаш го напушти теренот.
Foto/ EPA