Евертон повторно би можел да остане без бодови, со слична казна се соочува уште еден клуб

Фудбалскиот клуб Евертон, пред два месеци беше казнет со десет бода поради кршење на прописите за одржливост и профит на Премиер лигата, а сега повторно може да биде казнет. Заедно со Евертон, казна му се заканува и на Нотингем Форест. „Тајмс“, пишува дека двата клуба се во неволја по заострувањето на правилата поврзани со финансискиот фер-плеј. Најавено е дека за …

Continue Reading

Санчо се враќа во Дортмунд

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо ќе се врати во Борусија Дортмунд. Крилниот напаѓач играше во Борусија до 2021 година, кога за 73 милиони фунти се пресели на „Олд Трафорд“. Престојот на Санчо во Манчестер се претвори во кошмар, откако на почетокот на сезоната одби одби да му се извини тренерот Ерик тен Хаг за објавата на социјалните мрежи во …

Continue Reading

Спалети: Одиме во Германија да ја одбраниме титулата

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го даде своето прво интервју во 2024 година за државната телевизија „Раи Дуе“, а се осврна на претстојното Европско првенство во Германија, иднината на „Аѕурите“, како и лансирањето на Суперлигата. Италија е актуелен европски шампион, но за нацијата е разочарувачки што Азурите не успеаја да се пласираат на последните две Светски првенства, во …

Continue Reading

Само Герет Бери е пред Џејмс Милнер

Вест Хем и Брајтон одиграа нерешено без голови во вторникот вечерта, а Џејмс Милнер испиша нова страница во историјата на Премиер лигата. Милнер го одигра 632. натпревар во Премиер лигата и на вчната листа на фудбалери со најмногу одиграни натпревари во Премиер лигата се искачи на второто место. Ист број натпревари има одиграно и легендарниот Рајан Гигс. Пред нив е …

Continue Reading

Оскар Писториус од петок на условна слобода

Оскар Писториус (условно) ќе биде ослободен од затвор во петок, по речиси 11 години откако ја уби својата девојка Рива Стенкамп. Во март 2023 година, Писториус го доби правото да поднесе барање за условно ослободување откако отслужи повеќе од половина од затворската казна. Тој е осуден на 13 години и пет месеци затвор. На 24 ноември доби условен отпуст, кој …

Continue Reading

Беше „Кралица на патеките“: Почина Лесли Вотсон

Познатата британска маратонка Лесли Вотсон почина на 79-годишна возраст. Кон средината на декември била примена во болница поради згрутчување на крвта, а ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари ја загубила борбата за живот. „Повеќе би сакала да бидам спринтер, но бидејќи немам природен талент за тоа, маратонот ми е втора омилена дисциплина“, изјави еднаш таа. Забележа преку 60 победи …

Continue Reading

Лингард се враќа во Премиер лигата

Џеси Лингард се враќа во Премиер лигата. Според информациите на Островот, Лингард би можел да потпише краткорочен договор со Евертон, до крајот на сезоната. Лингард е без клуб од летото, откако Нотингем Форест не му понудија нов договор. Менаџерот на Евертон, Шон Дајч верува дека Лингард може да му помогне на неовиот тим до крајот на актуелната сезона, иако е …

Continue Reading

Романецот од Џенова се сели во Тотенхем

Раду Драгушин (21) по шест месеци е подготвен да ја напушти Џенова. Џенова го откуши неговиот договор од Јувентус во летниот преоден рок за 5.500.000 евра. Италијанскиот трансфер инфлуенсер Фабрицио Романо, откри Драгушин кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем. Англискиот клуб за Романецот ќе плати 25.000.000 евра. Романо наведува дека Драгушин веќе постигнал договор со Тотенхем околу платата и бонусите. …

Continue Reading

Вејн Руни доби отказ

Фудбалскиот клуб Бирмингем објави дека поради серијата лоши резултати му ја врачил отказ на менаџерот Вејн Руни.   Во соопштението клубот потврди дека покрај со Руни, соработката е раскината и со првиот тренер Карлос Робинсон. Клубот се реши на ваков чекор по вчерашниот пораз од Лидс (0:3) во 26. коло од Чемпионшип. Бирмингем изјави дека еден од тренерите Стив Спунер …

Continue Reading