Баерн влезе во трката за потписот на Драгушин

Стоперот на Џенова, Раду Драгушин е еден од најбараните оваа зима, во трката за неговиот потпис се вклучи и Баерн Минхен. Оваа вест ја пренесоа романски медиуми, кои тврдат дека Баварците стапиле во контакт со неговиот менаџер и рекле дека ќе се обидат да го реализираат неговиот трансфер. Баерн се обидува да му ја расипе зделката на Тотенхем, додека Наполи …

Continue Reading

Хрватски третолигаш продаде играч за 5.200.000 евра

Неверојатната вест доаѓа од Хрватска. Третолигашот Кустошија на Лајпциг му продаде фудбалер за 5,2 милиони евра. Станува збор за 17. годишниот напаѓач Дино Клапија. Напаѓачот ги помина лекарските прегледи и наскоро треба и официјално да стане член на Булс. Клапија пристигна во Кустошија минатиот март од Њујорк, филијала на Манчестер сити. И тогаш имаше голем интерес за овој напаѓач, но …

Continue Reading

Видал го советува Алексис Санчез да го напушти Интер: Михтаријан игра повеќе од тебе

Артуро Видал (36), не игра поради повреда, па времето го користи за да испрати остри коментари на актуелни фудбалски теми. Чилеанецот играше во Интер од 2020 до 2022, една од критиките е упатена кон неговиот поранешен клуб. Видал го советува соиграчот од репрезентацијата Алексис Санчез (35) да го напушти Интер. Санчез сезонава има 14 настапи и два гола за тимот …

Continue Reading

(Видео) Ибрахимовиќ: Посакувам тој гол да го постигнев јас

Златан Ибрахимовиќ постигна многу прекрасни голови во својата неверојатна кариера. Имаше се од чудесни удари од далечина, егзекуции по нереални дриблинзи, импресивни голови со кунг-фу удари. Сепак, голот на кариерата го постигна против Англија во Стокхолм на 13 декември 2012. Пријателски натпревар одиграа Шведска и Англија, Златан веќе имаше постигнато три гола, а при резултат 3:2 во судиското надополнување, Златан …

Continue Reading

Челзи ќе ја активира клаузулта во договорот на Дибала?

Пауло Дибала во катуелниот преоден рок би можел да го засили Челси. Италијанските медиуми откриваат дека „сините“ се заинтересиран за Аргентинецот, кој има откупна клаузула од само 12 милиони евра. Дибала дојде во Рома како слободен играч, кога го потпишуваше договорот бараше да има излезна клаузула со која лесно може да го напушти Олимпико во случај на вистинска понуда. Сепак, …

Continue Reading

Ѓоковиќ ја предводи АТП листата, Калин Ивановски е 324. во светот

Foto/ instagram.com/kalin_ivanovskii Новак Ѓоковиќ, загуби поени, но сепак ја започна 407. недела на првото место на АТП листата. Во Топ 10 прв пат во кариерата се најде Алекс Де Минор. Шоковиќ ја предводи листата со 11.055 поени, што е за 190 помалку од минатиот понеделник. Причината лежи во тоа што Новак загуби 250 поени, бидејќи не ја бранеше титулата во …

Continue Reading

Проблем за ПАО, Вилдоза мора да го оперира коленото

Кошаркарот на Панатинаикос, Лука Вилдоза ќе мора да го оперира коленото на левата нога. Аргентинец тешко се повреди на натпреварот од грчкиот шампионат против Перистери, објави клубот од Атина на својата официјална веб-страница. Вилдоза (28) го скинал надворешниот дел од менискусот на левата нога. Како што соопштија од грчкиот клуб тој во вторник ќе биде опериран. Од клубот не соопштија …

Continue Reading

Бразил има нов селектор

Доривал Жуниор е новиот селектор на Бразил, потврди Сао Паоло, клубот со кој искусниот стручњак го раскина договорот. „Нашиот клуб го најавува заминувањето на тренерот Доривал Жуниор, кој побара раскин на договорот за да ја преземе командата со бразилската репрезентација“, беше објавено на сајтот на Сао Паоло. Се очекува официјално соопштение на Фудбалски сојуз на Бразил и објавување на деталите …

Continue Reading

Шпански мотоциклист во тешка состојба по несреќата на релито Дакар

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон е пренесен во болница во тешка состојба, откако имал несреќа при крајот на втората етапа на релито Дакар во пустините на Саудиска Арабија. Ова е прва тешка несреќа на овогодинешното издание на една од најпознатите светски рели трки, а Фалкон ја повредил главата при падот, па со хеликоптер е пренесен во болницата во Ал-Дувадим во критична …

Continue Reading