Круљ е новиот тренер на АП Брера
Академија Пандев Брера го назначи српскиот тренер Бојан Круљ (36) за шеф на стручниот штаб откако претходно спогодбено се раздели со италијанскиот стратег Џовани Валенти. Круљ, има искуство со работа со млади категории во белградските клубови Вождовац и Синѓелиќ, а бил помошник на двајца тренери во Инџија, кога овој клуб се натпреваруваше во Суперлигата на Србија. Бојан Круљ како шеф …
Continue Reading
Кјелини замина во пензија
Во финалето на плејофот на МЛС, Колумбус го совлада Лос Анџелес со 2:1. Џорџо Кјелини во финалето го одигра последниот натпревар во кариерата. Договорот на Кјелини со Лос Анџелес истекува на 31 декември, а 40-тиот роденден кој ќе го прослави на 14 август следната година, планира да го дочека како пензионер. Киелини дојде во Лос Анџелес во летото 2022 година, …
Continue Reading
Се чека 20. победа – Атлетико на чекор до рекорд
Атлетико Мадрид, вчера, против Алмерија (2:1) ја забележа 19-та последователна победа на домашен терен. Последен пат „јорганџиите“ доживеаја пораз на „Метрополитано“ во јануари, од Барселона, последниот бод го освои Хетафе во февруари. Оттогаш тимот на Диего Симеоне има 19 последователни победи во првенството, Купот на кралот и Лигата на шампионите. Доколку во следниот натпревар, во среда, Атлетико го победи Лацио …
Continue Reading
Во Хрватска на 34-годишна возраст почина Иван Челиковиќ
Во Хрватска на 34-годишна возраст почина Иван Челиковиќ (34). Челиковиќ работеше во Фудбалската академија Конавле, една година од кариерата тој играше во Македонија, во дресот на Шкендија. а во својата играчка кариера настапуваше за Конављанин, Дугопоље, Солин, Интер од Запрешиќ, Шкендија, Локомотива и Јарун. Во ХНЛ забележа 134 настапи, најмногу како играч на Интер. НК Конављанин на социјалните мрежи ја …
Continue Reading
(Видео) Во идеалниот тим на Бензема нема место за Меси и Роналдо
Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се по вкупсот на Карим Бензема, па поради тоа поранешниот француски репрезентативец не ги стави во својот идеален тим. Бензема на голот го стави Мануел Нојер, Дани Алвеш е десен бек, а Марсело лев бек, додека стопери се Серхио Рамос и Џерар Пепе. Дефанзивни играчи за врска се Клод Макелеле и Пол Погба, пред …
Continue Reading
Јувентус му нуди нов договор со помала плата на Влаховиќ
Јувентус планира да му понуди на Душан Влаховиќ нов, ревидиран договор. Планот на спортскиот директор е да му го продолжи договорот на напаѓачот и во исто време да ја намели неговата плата. Медиумите на Апенините пренесуваат дека годишната плата на Влаховиќ, според актуелниот договор, од јули ќе се зголеми на 12 милиони евра. Според „Газета дело Спорт“, тоа би требало …
Continue Reading
Ибрахимовиќ ќе биде новиот тренер на Милан?!
Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да започне со тренерска работа. Италијанците шпекулираат дека тој би можел да седне на клупата на Милан. Позицијата на Стефано Пиоли сериозно е разнишана по поразот во Бергамо од Аталана. „Ла Република“, тврди дека Пиоли ќе доби отказ во случај на неуспех со Њукасл во Лигата на шампионите. Овој извор пишува дека доколку Пиоли добие …
Continue Reading
Чави: Џирона е кандидат за шампионската титула
Тренерот на Барселона Чави и покрај поразот од Џирона со 4:2 во 16. коло на Ла Лига не е целосно незадоволен од играта на својот тим. Смета дека и неговиот тим можел да победи. „Мислам дека натпреварот беше изедначен, ситини детали решаваа. Ни недостигаше ефикасност, но одигравме добро. Упативме 30 удари кон голот, можевме лесно да израмниме на 3:3. Планот …
Continue Reading
(Видео) Шок на „Монжуик“, Џирона и спакува четири гола на Барселона
Џирона се врати на челната позиција во Примера, откако во 16.коло, убедливо славеше во каталонското дерби на „Монжук“, против Барселона со 4:2. Вечерва, Џирона прв пат во историјата успеа да слави во дуелите со Барселона. Тренерот на Џирона Мичел тактички го надмудри Чави, кој лошо ги подготви своите избраници за овој натпревар. Џирона ги откри слабостите во дефанзивата на Жоао …
Continue Reading