Мартин победи во Португалија, Акоста трет, Бањаја и Маркез не ја завршија трката

149c08285e0a9bb7e09e34302b1f0984-1709921824.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хорхе Мартин победи на трката за Големата награда на Португалија. Возачот на Прамак Дукати со шестиот триумф во кариерата во „кралската класа“, го заокруѓи перфектниот ден на Шпанеците, Даниел Олгадо победи во категоријата Мото 3, а Арон Канет во Мото 2.

Мартин трката ја запона од третото место, на челната позиција ја презеде во првиот свиок и до карјот никој не успеа да му ја оспорит победата.

Енеа Бастианини заврши на второто место со 882 илјадитинки заостанување, а трет беше возачот на ГасГас, Педро Акоста. Шпанецот ја возеше својата втора трка во „кралската класа“ и стана третиот најмлад кој се искачил на подиумот во историјата на Мото ГП.

Трката не беше многу интересна, до самиот финишт, Акоста беше во центарот на вниманието бидејќи од седмото стигна до четвртото место. Во борбата за четвртата позиција го помина актуелниот шампион Пеко Бањаја.

Италијанецот не ја заврши трката бидејќи на три круга до крајот имаше контакт со Марк Маркез од Гресини.

Драмата кулминираше во последниот круг кога во тој момент второпласираниот Маверик Вињалес, падна од својата Априлија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK